29 Април, 2024
0.0279

Немирите во Египет продолжуваат, уапсен е лидерот на „Муслиманските браќа”

Објавено во: Свет 20 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Соборениот диктатор Хосни Мубарак може да биде ослободен од затвор уште оваа недела, а денес беше уапсен високиот лидер на исламистичкото движење „Муслимански браќа" Мохамед Бадие. Овие два настани го зајакнуваат чувството дека Египет се врти во круг, и единственото сигурно е дека насилството тешко ќе биде суспендиран, а стабилноста изгледа далеку, пишуваат светските медиуми. Апсењето на 70-годишниот Мухамед Бадие, кој го предводи Генералното извршно биро на братството од 2010 година и се јавува главен идеолог на движењето, се гледа како последователен чекор во обидите на властите во Каиро да победат во протестите против симнувањето на претседателот Мохамед Морс. Според податоци на египетската државна новинска агенција Бадие бил откриен денеска рано во стан во населба во североисточно Каиро, која се наоѓа во непосредна близина на плоштадот кој до минатата среда беше заземен од поддржувачи на соборениот претседател. Тогаш војската се замеша и употреби прекумерна сила врз демонстрантите каде беа убиени над 200 луѓе. Оттогаш во судири загинаа над 900 лица, меѓу кои и 38-годишниот син на Бадие, Амар. Самиот исламистички лидер се криеше од минатата недела. Не е исклучено апсењето да помогне само за дополнителна радикализација и до зголемување на насилството. Според Шашанк Џоши од лондонскиот „Royal United Services Institute“ сега работите се комплицираат дополнително. "Битката против братството се повеќе се претвора во борба против сите исламистички движења во Египет, а не само против една политичка партија", вели  Џоши за британската БиБиСи. Првите денови по соборувањето на Морси, Бардие беше меѓу најактивните гласноговорнициво Каиро, но откако во средината на минатиот месец беше издадена наредба за негово апсење, тој се повлече. Пред судот треба да се појави на 25 август со обвинение за поттикнување насилство што довело до убиство на осум демонстранти. Американските медиуми јавуваат дека во меѓувреме владата на претседателот Барак Обама запрела дел од армиската помош за Египет додека разгледува како да одговори на растечкото насилство. Според  портпаролот на сенаторот Патрик Лехи, потврдил дека на сенаторот му било потврдено дека помошта запрела.   Владата на Обама веќе најави дека ќе ја ревидира американската политика да го помага Египет со 1,5 милијарди долари годишно.  За прекинување на помошта за Египет деновиве размислува и Европската унија.

Можеби ќе ве интересира

ПУКНА БРАНА ВО КЕНИЈА: Најмалку 42 лица загинаа во поплавите (ВИДЕО)

ПУКНА БРАНА ВО КЕНИЈА: Најмалку 42 лица загинаа во поплавите (ВИДЕО)

АКО НЕ УРСУЛА ФОН ДЕР ЛАЈЕН, ТОГАШ КОЈ: Седум имиња во трка за прв човек на Европската комисија?

АКО НЕ УРСУЛА ФОН ДЕР ЛАЈЕН, ТОГАШ КОЈ: Седум имиња во трка за прв човек на Европската комисија?

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

ИТАЛИЈАНСКА СЕСТИЕРЕ ПОД 56 САНТИМЕТРИ СНЕГ: Деновите што доаѓаат се најавуваат нови обилни врнежи

ИТАЛИЈАНСКА СЕСТИЕРЕ ПОД 56 САНТИМЕТРИ СНЕГ: Деновите што доаѓаат се најавуваат нови обилни врнежи

Досега 22 Украинци удавени во реката Тиса во обид да избегнат мобилизација

Досега 22 Украинци удавени во реката Тиса во обид да избегнат мобилизација

КАТАКЛИЗМА ВО АМЕРИКА! Торнадо уништи куќи и однесе дури 5 животи: загина четиримесечно бебе (ВИДЕО)

КАТАКЛИЗМА ВО АМЕРИКА! Торнадо уништи куќи и однесе дури 5 животи: загина четиримесечно бебе (ВИДЕО)

ПРИНЦОТ ХАРИ СЕ ВРАЌА ВО БРИТАНИЈА: Еве зошто го прави тоа

ПРИНЦОТ ХАРИ СЕ ВРАЌА ВО БРИТАНИЈА: Еве зошто го прави тоа

ИМААТ ТОЛКУ МНОГУ ПАРИ ШТО И АЕРОДРОМОТ ЌЕ ГО ПРЕМЕСТАТ ЗА ДА НАПРАВАТ УШТЕ ПОГОЛЕМ: Дубаи ќе има аеродром кој ќе биде „центар на светот“

ИМААТ ТОЛКУ МНОГУ ПАРИ ШТО И АЕРОДРОМОТ ЌЕ ГО ПРЕМЕСТАТ ЗА ДА НАПРАВАТ УШТЕ ПОГОЛЕМ: Дубаи ќе има аеродром кој ќе биде „центар на светот“

ПЛАТА, ДОДАТОЦИ, ПЕНЗИЈА... - погледнете зошто сите сакаат да бидат пратеници во Европскиот парламент

ПЛАТА, ДОДАТОЦИ, ПЕНЗИЈА... - погледнете зошто сите сакаат да бидат пратеници во Европскиот парламент