12 Мај, 2024
0.0248

Ненад Јовановски седна во директорската фотелја на МЕПСО, Гиовска заменик директор

Објавено во: Економија 17 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Надзорниот одбор го именуваше Ненад Јовановски за претседател на Управниот одбор и генерален директор на Операторот на електропреносниот систем на Македонија, акционерско друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем, МЕПСО, соопштуваат од оваа компанија.

Јовановски е дипломиран електроинженер со богато и долгогодишно работно искуство во подружницата Оператор на електропреносниот систем (ОЕПС) во рамки на МЕПСО, а од март годинава досега ја извршуваше функцијата Заменик на генерален директор. Јовановски својата кариера во МЕПСО ја започна како оперативен водител во Националниот диспечерски центар (НДЦ). Јовановски работеше 12 години во НДЦ, организациска единица од круцијално значење за ОЕПС и за МЕПСО, од каде во реално време и во континуитет 24 часа секојдневно се управува македонскиот електроенергетски систем.  Потоа во период од 2 години Јовановски беше ангажиран во процесите на организирање аукции за расположливи прекугранични капацитети и други процеси за оперативно планирање во ОЕПС. Кон крајот на јануари 2014 година беше именуван за директор на подружницата ОЕПС и за член на Управниот одбор на МЕПСО.  Јовановски е член на бордот на директори на SEE CAO, регионална компанија која организира аукции за закуп на расположливи прекугранични капацитети, а го претставува МЕПСО и во Комитетот за системски операции за управување со електропреносните системи на Европската асоцијација на електропреносни систем-оператори (ЕНТСО-Е). Јовановски на позицијата генерален директор и претседател на УО го замени м-рСиниша Спасов кој четири години управуваше со МЕПСО.

На истата седница Надзорниот одбор ја именува Елизабета Гиовска за Заменик на генерален директор на МЕПСО. Гиовска е дипломиран машински инжинер со 12 годишно работно искуство во енергетиката од кои 10 години во МЕПСО, период во кој особено се истакнува нејзиниот  досегашен професионален ангажман во Операторот на пазар на електрична енергија (ОПЕЕ), подружница во рамки на МЕПСО. Гиовска 10 години наназад активно е вклучена и даде значаен придонес во процесот на спроведување на реформите во сите досегашни фази од либерализација на пазарот на електрична енергија, кои се во делокругот на активности на МЕПСО преку подружницата ОПЕЕ. На функцијата Заменик на генерален директор Гиовска доаѓа од позиција раководител на Одделот за организирање на пазарот на електрична енергија во рамки на подружницата ОПЕЕ. 

„Колективот на МЕПСО во оваа прилика му се заблагодарува на м-р Синиша Спасов под чие водство во последниве четири години беа реализирани низа проекти значајни за развој на преносната мрежа и за подобрување на доверливоста во управувањето со електропреносниот систем.  Меѓу овие проекти најзначајни се следниве: изграден и ставен под напон и товар е нов 400 kV интерконективен далекувод што ги поврзува електропреносните системи на Република Македонија и на Република Србија, изграден и ставен под напон и товар е нов 110 kV далекувод што ги поврзува трансформаторските станици „Битола 3“ и „Битола 4“, изграден и ставен под напон и товар е нов 110kV далекувод што ги поврзува трансформаторските станици „Скопје 1“ –  „Југохром“ – „Теарце“ – „Тетово 1“, набавени и имплементирани се нови SCADA/EMS и MMS системи за потребите на управување со електропреносниот систем и за организирање на пазарот за електрична енергија, како и изградба на нова 110 kV разводна постројка за приклучување на преносната мрежа на трансформаторската станица „Петровец“, информираа од МЕПСО. 


Можеби ќе ве интересира

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно