05 Мај, 2024
0.0241

Неудобните чевли се причина за влошување на здравјето

Објавено во: Стил 14 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Иако причините за болки во нозете и грбот можат да бидат многубројни, една од најчестите е изборот на несоодветни чевли.

Истражувањата покажуваат дека 88% од жените често купуваат неудобни чевли, кои се со помал или поголем број. Причината за тоа не е секогаш во недостатокот на точниот број, туку во изработката на чевлите. Недостатокот на каишки кај голем дел од чевлите на висока потпетица, е причина за тоа што тие паѓаат од нозете, затоа многу жени избираат помал број.

Чевлите со високи потпетици или оние со еднаков ѓон можат да бидат подеднакво штетни.

Неудобните чевли често предизвикуваат болка во грбот, колковите и колената, како и се причина за воспаление на нозете. Неправилно избирање на чевли може да биде виновно и за 'рбетни искривувања.

Заострените врвови на чевлите исто cе проблем. Тие се причина за скокање на кокалчето над палецот (бунион) и деформација на стапалото. Кога ќе изберете чевли, добро е да ја  почитувате повеќе вашата нога, а не само модата.

noze

Ако чувствувате непријатност од обувките кои ги купувате, можете да се снабдите со ортопедски табани, кои може да го направат одењето пеш далеку повеќе пријатно.

Секој човек барем еднаш во животот се жалел од незгодни чевли. А најчестите последици од ова се вклучуваат појава на акни, жуљеви, модринки, кои се резултат од премногу притисок и триење помеѓу стапалото и чевлите. Едни од негативните ефекти од носењето на остри и високи чевли е падот на стапалото, формирањето на бунион и проширени вени.

За да се избегне болката и сите несакани ефекти предизвикани од носењето на несоодветни чевли, мислете внимателно кога купувате.

Ако сакате да носите чевли на висока штикла, избирајте ги оние со соодветна висина.

За да ја избегнете појавата на рамно стапало, обрнувајте внимание дали одот на чевлите одговара со одот на вашата нога. Постојат и специјални силиконски додатоци кои можат да се приспособат за закривување на чевлите.