04 Мај, 2024
0.0252

Неверојатно: Ова е тест за бременост од древните Египќани кој и денес вреди!

Објавено во: Стил 07 Март, 2015

Добивај вести на Viber

Древен тест на бременост работи на истиот принцип како и модерните, со забележување на хемиските промени кои се присутни само во жената која е бремена.

Пред неколку илајди години Египќаните не само што имале природен лек за речиси сите болести кои ги имале, мешање на лековити билки, зачини, храна, така пронашле начин како да направат тест за бременост дома.

Техниката е многу едноставна. Тие ставале зрно пченица и јачмен во сад, потоа во него жената уринирала, па го покривала садот со крпа и наредниот ден погледнувале што ќе се случи.

Ако зрната никнувале значело дека жената е бремена, а ако не, тогаш не е. Дури имале теорија дека зависно од тоа кое зрно би никнало би можеле да кажат за кој пол на детето се работи. Истражувачите уште во 60-тите години на минатиот век потврдиле дека овој тест е 70 посто точен, не многу помалку од модерните тестови на бременост, поготово оние поефтините. Што се однесува до полот на детето, не пронашле поврзаност.