12 Декември, 2019
0.0264

Невладините на средба со Пендаровски испорачаа барања за почиста средина

Објавено во: Македонија 15 Ноември, 2019

Над 25,000 наши граѓани починале прерано изминативе осум години поради загадениов воздух кој го дишеме, институциите не ни функционираат, полицијата затајува во својата основна функција, живееме со затворени прозорци најголем дел од годината поради токсичниот чад кој се шири од околните запалени диви депонии, кабли, гуми, неутврдени извори на смрдливи хемикалии кои ни ги печат очите, грлото, ни го земаат здивот, наведуваат од повеќе невладини организации кои се сретнаа со шефот на државата, Стево Пендаровски. 

„Ние живееме во вонредна, кризна состојба, за која изостанува официјална декларација. Ова е пораката која ја упативме вчера до претседателот Пендаровски, како претставници на здружените граѓански организации и иницијативи, потписници на отвореното писмо упатено до него на 30 октомври 2019 година.  Претседателот е последната инстанца, надеж во долгиот ланец на институции до кои сме се обратиле во нашата долгогодишна и исцрпувачка борба на залагања, барања, чекања и очекувања институциите како организиран систем да нè изведат од вонредната состојба во која живееме и ни го вратата назад правото на здрава животна средина загарантирано со Устав. Се соочивме со неагилноста и неодговорноста на локалната власт, како најблиска да ги реши нашите непосредни проблеми. Се соочивме со некоординираноста и недоволна активност на централната власт, како во повикувањето на локалната да ги спроведе активностите доделени со децентрализацијата, така и во исполнување и спроведување на законските одредби на централно ниво. Немањето на поддршка од МВР ја поткопа довербата дека е сојузник во решавањето на проблемот. Ова е последна институција кон која го испраќаме нашиот апел“, стои во соопштението. 

На средбата со претседателот, изнеле  неколку барања и очекувања. 

- Бараме официјализирање на кризната, вонредна состојба во која живееме со години. Доколку преземените активности од координативниот состанок на надлежните институции на централно и локално ниво во врска со енормното загадување на воздухот, одржан на 01.11.2019 во просториите на Владата, не дадат очекуван резултат за кратко време, бараме прогласување на кризна состојба и учество на Армијата во поддршка на полицијата, согласно законот за управување со кризи. Се сложивме со објаснувањето на началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, за улогата на Армијата во услови на кризна состојба и потврдивме дека тоа е она што ние бараме, токму таа улога која ја има како поддршка на полицијата. 

– Загадувањето и климатските промени да се третираат и класифицираат како закана и ризик по националната безбедност и преминат од „само“ еколошки проблем во безбедносен проблем кој реално и претставуваат поради бројот на починати годишно од аерозагадувањето, бројот на контаминирани локации, жешки точки со историски индустриски опасен отпад, енормниот број на диви депонии, запален отпад, опожарени и исечени шуми, девастирана природа, штетите кои ги имаме поради промената на климата, сушите и поројните дождови, поплавите, загубите во храна, животи, водни ресурси, шумски фонд, кои го загрозуваат во огромна мера нашето здравје и живот. Во таа насока го поздравуваме поставувањето на заштитата на животната средина за првпат во историјата на државава како точка на дневен ред на идната седница на Советот за безбедност, на која сме поканети да присуствуваме со свои претставници. Воедно очекуваме во доктринарните документи прашањето на загадувањето, на деградација и уништување на животната средина и на еколошките потенцијали да се адресира како прашање од највисок национален интерес и се третира како една од примарните закани по националната безбедност, на што претседателот Стево Пендаровски се обврза во Зелената заклетва предизборно. Ја поздравуваме иницијативата на претседателот да ја врати Стратегијата за одбрана во постапка како стратешки документ, со цел во истата да бидат вклучени точки и мерки за еколошка безбедност и очекуваме во неа да се вметнат климатските промени и нивниот ефект како дел од ризиците по национална безбедност, наведено во неговата Зелена заклетва. 

– Претседателот како адвокат на граѓаните и потписник на Буџетот да влијае врз значително зголемување на расходите за заштита на животната средина и намалување на загадувањето во Буџетот на Републиката, во линија со европските пракси и стандарди. Соочувајќи се со катастрофалната состојба на ова поле, неопходно е адекватно алоцирање на средства, со цел што поскора митигација и ремедијација. Се надеваме претседателот ќе успее да влијае Буџетот за 2020 да се приближи кон нужните и реални потреби на ова поле, еден од приоритетите на сите држави во ЕУ. 

– Увозот на отпад и немањето на потребна контрола со влезот во нашата држава. Законот за управување со отпад дозволува прекугранично движење на отпад, транзит на опасен отпад низ нашата држава според Базелската конвенција, увоз на отпад со цел за преработка, како суровина и како извор на енергија. Новиот предлог-закон ги задржува овие одредби со измени, па наместо преработка и суровина, стои рециклирање и повторна употреба за иста намена, а како извор на енергија се дополнува по исклучок. Притоа останува проблемот со немање на контрола на границите, на царина на тоа што се увезува и дали се совпаѓа со декларираното и следење, контрола на отпадот откако ќе влезе во нашата држава.

 – Шар Планина да се прогласи за национален парк во најитен можен рок, процес кој трае повеќе од 20 години, пред да се уништи и да нема што да се заштити. 

– Да престане изградбата на мини-хидроцентрали кои имаат негативно влијание врз реките, со чија изградба пресушува водата за многу жители, села, а чиј придонес во производството на електрична енергија е минимален, притоа користејќи најголем дел од субвенциите за обновливи извори на енергија.

 – РЕК Битола, најголемиот индустриски загадувач, да добие А - дозвола за усогласување со оперативен план до крајот на годинава, процедура која се турка од 2006, а требаше да се исполни до април 2014. Инаку, заменик-министерот Јани Макрадули дозволата ја вети за октомври 2018, па декември 2018, за сега Министерството за животна средина и просторно планирање, на барање од Кабинетот на претседателот, ја потврди за декември 2019. Доколку и овој обид за спроведување на дозволата пропадне, ќе се блокира нејзиното работење и работењето на други државни и локални институции. 

– Формирање на Фонд за животна средина, предизборно ветување на СДСМ и Владина програма. На овој начин средствата добиени од такси, акцизи поврзани со животната средина, ќе се наменат за животната средина, а не за други цели, како што е сега случајот. Поддршката која претседателот ја дава во формирање на овој Фонд се надеваме дека ќе вроди со резултат во најбрз можен рок.

– Носење на законот за комунална полиција и причина за застојот. Дали високите казни, за кои се залагаме, се пречката? – Доставени беа фотографии снимени пред неколку недели во ОХИС, на кои има нови пакувања на старите хемикалии од кругот на ОХИС, што отвора сомнеж што се случува со нив, дали некој ги продава недозволено. Претседателот покажа отвореност, конструктивност и практичност кон нашите барања, заложби и очекувања. Изрази спремност за понатамошна комуникација со граѓанските организации и иницијативи. Доколку во најкраток рок нема конкретни, очекувани резултати, нагласуваме дека како граѓански активисти ќе ги искористиме сите демократски права и средства во борбата за заштита на нашето уставно загарантирано право на здрава животна средина, каде покрај досегашните форми на организиран протест, блокади, ќе повикаме и на граѓанска непослушност, бојкот на избори и други форми на отпор. 

Ова се барањата од Здружените граѓански организации и иницијативи Скопје Смог Аларм, Не биди ѓубре, О2 Иницијатива, Здравје пред профит, Еко Герила, Група граѓани Визбегово, Граѓанско движење „Битола сака чист воздух“, Fridays For Future Skopje AirCare – МојВоздух, Ние сме Карпош 4, Го Сакам Водно, Движење за чист воздух ЕкоКарпош 3, 2,1. 

Можеби ќе ве интересира

НЕ ИЗЛЕГУВАЈТЕ БЕЗ ПОТРЕБА: Во три градови екстремно загадено

НЕ ИЗЛЕГУВАЈТЕ БЕЗ ПОТРЕБА: Во три градови екстремно загадено

Обвинителството истражува дали девојче во Гостивар се самоубило поради врски со секта

Обвинителството истражува дали девојче во Гостивар се самоубило поради врски со секта

ДИМИТРОВ ЗА ИЗЈАВИТЕ ОД БАН: Македонскиот јазик е признат од меѓународната заедница на лингвисти

ДИМИТРОВ ЗА ИЗЈАВИТЕ ОД БАН: Македонскиот јазик е признат од меѓународната заедница на лингвисти

Заев најави реакција по тврдењата на БАН дека македонски јазик не постои

Заев најави реакција по тврдењата на БАН дека македонски јазик не постои

Ја загуби битката со ракот: Почина Јана Арсовска

Ја загуби битката со ракот: Почина Јана Арсовска

СТАРТУВА ВИКЕНДОВ: Прагот на алармирање за загадувањето од 188 се спушта на 175 милиграми на метар кубен

СТАРТУВА ВИКЕНДОВ: Прагот на алармирање за загадувањето од 188 се спушта на 175 милиграми на метар кубен

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО: Прогласен е крај на епидемијата на морбили

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО: Прогласен е крај на епидемијата на морбили

Кои се новите амбасадори?

Кои се новите амбасадори?

За легализација на дивоградбите ќе се плаќа 150 отсто од комуналиите

За легализација на дивоградбите ќе се плаќа 150 отсто од комуналиите