НЕВРЕМЕ: Ураган го блокира морскиот транспорт во Јонското Море
Објавено во: Балкан 28 Декември, 2017
Грција денеска ќе биде зафатена со невреме, проследено со дожд, ветер и снег на високите места, пишуваат грчките медиуми.
Поради силните ветрови прекинато е движењето на фериботите кои се движат од Игуменица до островот Крф. Не сообраќаат ниту бродовите на линиите Килини-Закинтос, Ликсури-Аргостоли и Порос-Килини.
Ураган го блокира морскиот транспорт во Јонското Море.
Oваа година во Грција неколку пати имаше невреме и поплави во различни делови.