ФОТО: Невреме во Франција, 44.000 домаќинства без струја
Објавено во: Свет 20 Ноември, 2016
Северозападниот дел на Франција беше зафатен денеска од силни ветрови, кои достигнуваат брзина од 160 км / ч, а 44 000 домаќинства останаа без струја, соопшти локалната електродистрибуција компанија „Енедис", цитирана од Франс прес.
Прекините на струја зафатија утрово околу 25 000 домаќинства во Нормандија и 19 000 во Бретања.
Стихијата собори дрвја и оштети автомобили, без да дојде до сериозен инцидент.
Засега нема информации за повредени, објавија локалните власти.
Товарен брод со 23 патници е во процес на евакуација, откако се судрил крај бреговите и почнал да се полни со вода, соопшти Ројтерс.