26 Април, 2024
0.0301

Незаборавен адреналински Тим Билдинг само во Арт Картинг центарот во Скопје

Објавено во: Мои пари 21 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Задоволството нема цена. Бенефитот од уживањето може да го почувствува секој. Сите ние често размислуваме како да го изненадиме својот партнер или партнерка, без разлика дали се работи за љубовен или бизнис партнер. Во мноштвото понуди сигурно ќе се издвои она што нуди посебно доживување, покачен адреналин и незаборавни спомени- картинг натпреварување во Арт Картинг Центарот во Скопје.

Арт Картинг центарот е уникатно место за адреналинско доживување во Македонија. Лоциран е до спортската сала Борис Трајковски, Поседува 8 картинзи од најдобриот светски бренд Содикарт. Тие се врвни  тркачки возила, со моќност од 11 коњски сили кои развиваат брзина до 90 км. Во нив секој натпреварувач се чувствува како професионален возач. Безбедноста на учесниците во картинг натпреварите е гарантирана. Секој добива заштитна кацига и безбедносна облека. Арт картинг  центарот располага со систем за електронско и дигитално мерење на времето.

Картингот е спорт во кој учесниците управуваат со возило по специјална патека, најчесто во кружна форма. Картингот помага во развојот на здрава сообраќајна култура, го смалува нивото на стрес и ве одржува во добра физика кондиција.

Нема ништо подобро од трка во милиметри која се одвива на земјено тло. Заборавете на досадните и вообичаени тим билдинзи на кои сте навикнале. Пробајте Тим Билдинг во Арт Картинг центарот со картинг, кој ви овозможува пумпање на адреналинот. Кои се придобивките од Тим Билдингот тука:

- Поттикнување и зацврстување на креативноста

- Зајакната доверба меѓу индивидуалистите во тимот

- Подобрени техники за разрешување конфликти

- Поттикнување на преземањето ризик

- Интензивирање на мотивацијата кај членовите на тимот

Арт Картинг центарот на сите кои сакаат забава и покачен адреналин, им овозможува незаборавна авантура. Парови или работни тимови, тука може да си ги одмерат своите капацитети во романтична или тим билдинг трка. Тимот на картинг центарот овозможува:

- Силна емоција

- Психофизички напор

- Губење енергија

Потребата од енормно високо ниво на концентрација го прави картингот уникатен. Со цел тим билдингот да се издигне како активност на повисоко ниво, притоа да се засили нивото на возбуда, Арт картинг центарот предлага организација на мини турнир со натпреварувачки карактер. Право на учество има секоја компанија која ќе пријави тим од 8 луѓе.

После или пред возењето, може да се релаксирате во пријатниот амбиент на кафулето кое се наоѓа во склоп на картинг центарот. Врвната услуга ви нуди богата понуда на алкохолни, безалкохолни пијалаци и топли напитоци. Самото кафуле се наоѓа во галеријата, а обете едновремено ви овозможуваат да уживате во погледот на патеката и лесно да ги следите возењето и трките. Просторот во кафулето е идеален за презентации, едукации и слични активност.

Задоволството нема цена. Бенефитот од уживањето  во картинг, може да го почувствува секој. За повеќе детали обратете се во Арт Картинг Центарот.


Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“