06 Мај, 2024
0.0253

НЕЗАПАМТЕНА ТРАГЕДИЈА: Полицијата открила во пожарот во Лондон настрадале или исчезнале 79 луѓе

Објавено во: Свет 19 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Британската полиција соопшти денес дека 79 личности настрадале или исчезнале во пожарот кој ја зафати повеќекатницата во Лондон, минатата недела, со што бројот на загинати е зголемен од 58, колку што беа претходно соопштени.

„Ова утро, се плашам дека морам да кажам оти се верува дека 79 лица или настрадале или исчезнале, а со жал морам да претпоставам дека и тие загинале“, рекол полицискиот командант Стјуарт Канди.

Градоначалникот на Лондон Садик Кан изјавил вчера дека пожарот во повеќекатницата е предизвикан по „грешка и невнимание“.

Кан ја посетил црквата која се наоѓа во близина на 24-катна зграда „Гренфел тауер“ каде присуствувал на служба одржана во знак на сеќавање на жртвите од пожарот кој изби во средата.

При таа прилика признал дека локалната заедница се чуствува „фрустрирано и бесно“поради начинот на кој се реагирало на несреќата, пренесе АФП.

„Во заедницата владее чуство дека кон нив односот бил лош бидејќи некои од нив се сиромашни. Таа трагедија можела да се спречи и не морала да се случи, а трагедијата која ја гледаме е последица на грешки на невнимание на политичарите и владата“, рекол Кан.

Британскиот министер за финансии Филип Хамонд изјавил претходно дека владата ги почитувала безбедносните препораки донесени во 2009 година, а дека измени на безбедносен протокол ќе биде можно дури по официјалната истрага за пожарот.

Опозиционите политичари ја обвинуваат владата дека ги игнорирала безбедносните препораки кои се донесени во 2009 година и ревидирани во 2013 кога уште еден пожар во Лондон усмртил шест лица, но Хамонд тврди дека тоа не е точно.

„Очигледно е дека тие препораки ги разгледавме како и тоа што се случило со нив. По моја проценка ние коректно и примерно одговоривме на нив“, рекол Хамонд за БиБиСи.

Околу 600 луѓе живееле во 120 станови во облакодерот.

Можеби ќе ве интересира

ИНВАЗИЈА НА ЕВТИНИ АВТОМОБИЛИ НА ЕВРОПА - ЕУ ѝ се заканува на Кина со тешки одлуки

ИНВАЗИЈА НА ЕВТИНИ АВТОМОБИЛИ НА ЕВРОПА - ЕУ ѝ се заканува на Кина со тешки одлуки

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина