02 Мај, 2024
0.0357

Независниот ревизор: Иднината на ТЕ-ТО е неизвесна!!!

Објавено во: Економија 26 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Компанијата има тековни обврски кои се за 45 милиони евра поголеми од неговите тековни средства. Ревизорот заклучува дека во такви услови е неизвесна иднината на компанијата. Директно се изложени „Топлификација“ како акционер и „Комерцијална банка“ која има во обезбедување за кредит акции од Те-ТО и недвижен имот на „Топлификација“

ТЕ-ТО, најголемата приватна термо централа што произведува топлина и струја лоцирана во Скопје, лани завршила со загуба од 7 милиони евра. Независните ревизори укажуваат на тоа дека постои значајна незивесност дали фирмата ќе може да продолжи да работи во континуитет заради тоа што, меѓудругото, тековните обврски на крајот на декември лани се за 2,77 милијарди денари (околу 45 милиони евра) повисоки од тековните средства со кои располага компанијата, заклучува независната ревизија и обрнува внимание во својот извештај за ТЕ-ТО.

Од интерес на инвеститорската заедница во земјава е да истакнеме дека оваа состојба може да има негативно влијание и врз работењето на „Топлификација“, но и врз работењето на „Комерцијална банка“.

Врз „Топлификација“ заради тоа што е акционер во ТЕ-ТО, а врз „Комерцијална банка“ заради тоа што банката има земено како обезбедување на кредит за „Топлификација“ акции од ТЕ-ТО. Доколку се влоши состојбата со когенеративната централа значи дека се зголемува ризикот и врз акциите како управувачки права со тоа што се потешко ќе се најде купувач за нив. А тие акции и сега, рака на срце, не се посакувана трговска стока на македонскиот пазар на капитал.

Кредитот на „Комерцијална банка“ даден на „Топлификација“ за ТЕ-ТО беше 28 милиони евра, а немаме информации колку е вратено до сега и колку има да се врати.

За да се добие слика за финансиската состојба на ТЕ-ТО ќе истакнеме уште неколку важни параметри многу значајни за „финансиската крвна слика“ на оваа компанија. Прво неговите тековни обвски лани се на ниво од 3,044 милијарди денари што во превод значи 50 милиони евра. Неговите тековни средства на крајот на годинава се 272 милиони денари односно одвај 4,5 милиони евра.

Вкупните обврски на ТЕ-ТО по кредити се поголеми од 13 милијарди денари односно над 20 милиони евра.  Компанијата на крај на 2015 година има акумулирана загуба во износ од 3,07 милијарди денари што е речиси 50 милиони евра. Акционерскиот капитал на крај на 2015 година вреди 1,6 милиони денари односно помалку од 30.000 евра.Лани компанијата имала реализација во вредност од 817,3 милиони денари односно 13,2 милиони евра.

Според паричниот тек, имала прилив од кредити во износ од 769,5 милиони денари, а вратила кредити во износ од 647,8 милиони денари. На крајот на 2015 година кредитите спрема поврзаните страни изнесуваат 7,48 милијарди денари и се повисоки за 737 милиони денари. Кредитите спрема банките на крајот на минатата година се на вредност од 3,22 милијарди денари, а се намалени за 360 милиони денари во однос на 2014 година.

Акционери на ТЕ-ТО се три компании, една домашна и две странски фирми. „Топлификација“ Скопје е најмал акционер и има 10,8 отсто од акциите. Најголем акционер е Project Managament Consalting со 60 отсто од акциите, а втор по големина акционер еBitar Holdings Limited со 29,2 отсто од акциите.

Можеби ќе ве интересира

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?