НИ ГЕРМАНЦИ, НИ БРИТАНЦИ: Овие луѓе ја имаат Европа во свои раце
Објавено во: Свет 07 Април, 2017
Ретко кога Французите се соочиле со така сериозно прашање како што се сега претседателските избори.
Може да се каже дека на 24 април и на 7 мај, во првиот и вториот круг ќе се гласа за или против ЕУ.
Се очекува дека кандидатот на центарот, Емануел Макрон и крајно десничарката Марин Ле Пен можат во првиот круг да земат ист број на гласови. Ова го покажуваат анкетите кои се објавени на неполни 3 недели пред гласањето.
Зад нив ќе биде кандидатот на десницата, Франсоа Фијон со 19% од гласовите.
Се очекува дека во вториот круг ќе се бира меѓу Макрон и Ле Пен.
Ле Пен вети дека ако победи ќе го врати франкот, ќе ја напушти Шенген зоната и ќе распише референдум за излез од ЕУ.
Победата на Ле Пен би била фатална за еврозоната и можно е Европа да не го преживее Фрегзит.
Од друга страна, Макрон е најмлад кандидат и ветува дека ќе се бори против корупција и непотизам.