Николовски: Водиме со три пратеника
Објавено во: Македонија 16 Јули, 2020
Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, тукушто на фејсбук објави дека СДСМ и Коалицијата Можеме имаат водство од три пратеника.
Треба да се обрати лидерот Зоран Заев.
Бујар Османи од ДУИ, пак, на својот профил напиша 13, што имплицира дека оваа партија освоила 13 пратенички места.
Ќе прават ли влада овие две партии, и досегашни коалициски партнери, е прашање што ќе се дознае во следните денови.
Овие партии во предизборите си кажаа тешки зборови.