08 Мај, 2024
0.0250

Ништо од преземањето на Бетон Штип

Објавено во: Економија 19 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

БЕТОН АД Штип ќе задржи актуелната сопственичка структура откако градежната компанија БИМ инвест инженеринг донесе одлука да се откаже од постапката за целосно преземање на акциите во Бетон АД Штип преку Македонска берза. Според БИМ инвест инженеринг главната причина за откажување е што биле во неможност навреме да ја обезбедат целосната документација која е пропишана согласно законот за трговски друштва. 

Во објавата за намерата за преземање БИМ инвест инженеринг планираше да ги откупи сите преостанати акции со право на глас во износ од 1600 денари по акција во Бетон АД Штип.

„Бим инвест инжинеринг“ е основана во 2011 година со непаричен влог во износ од 5.000 евра. Нејзина дејност е издавање и управување со сопствен недвижен имот или недвижен имот земен под закуп.

Бетон АД Штип има издадено вкупно 41.804 акции со тоа што според моменталните показатели вредноста на една акција има просечна цена од 1600 денари, а книговодствената вредност на една акција е поставена на 8087 денари. Бетон АД Штип во последните три години нема поделено дивиденда. 

Бетон АД Штип во првите девет месеци од 2017 работеше со загуба од 1 милион евра и со речиси преполовени приходи во однос на истиот период една година претходно.

Да потсетиме и дека БИМ инвест инженеринг во април 2017 презеде 9749 обични акции со право на глас што претставува 23,32% од сопственичкиот удел и стана доминантен сопственик или најголем поединечен акционер во Бетон АД Штип. Тогаш БИМ акциите ги презеде од компанијата Езимит, а зад нив стои бизнисменот Сашко Бошков, за што повеќе детали може да прочитате во продолжение во анализата на Фактор.

Исто така прочитајте ја и анализата на Фактор за големиот пад на Бетон Ад Штип на македонскиот пазар. Оваа компанија имаше голема експанзија за време на владеењето на Никола Груевски бидејќи доби повеќе државни тендери за изградба на објекти од проектот Скопје 2014.

Х.С.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување