06 Мај, 2024
0.0255

НИШТО УШТЕ НЕ Е РЕШЕНО - Ердоган повторно им се заканува на Шведска и Финска околу членството во НАТО, вели: Прво да ги исполнат обврските

Објавено во: Свет 01 Јули, 2022

Добивај вести на Viber

Спогодбата потпишана со Финска и Шведска за укинување на ветото на Турција за нивното членство во НАТО алијансата ги обврзува нордиските земји да ги исполнат своите ветувања, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

По четиричасовната средба во Мадрид со колегите од Финска и Шведска, Ердоган побара низа безбедносни мерки во замена за поддршката на Анкара за проширување на Алијансата.

Обраќајќи им се на новинарите при враќањето од самитот на НАТО, тој рече дека нема потреба да се брза со ратификацијата на приемот на двете нордиски земји во турскиот парламент.

Анкара прво сака да види дали ќе ги исполнат ветувањата во меморандумот, вклучително и екстрадицијата на осомничените што ги бара Турција.

- Треба да се знае: овие потписи не значат дека прашањето е решено. Без одобрение од нашиот парламент, ова не стапува на сила. Нема потреба од брзање. Топката е на нивен терен. Шведска и Финска во моментов не се членки на НАТО – нагласи Ердоган.

Извор: Блиц.рс

Можеби ќе ве интересира

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

УШТЕ ЕДНА ПОТЕРНИЦА: Русија го бара и командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук

УШТЕ ЕДНА ПОТЕРНИЦА: Русија го бара и командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук