02 Мај, 2024
0.0256

Ниту огласи има, ниту лицитации: Што работи Агенцијата за одземен имот од која бројчаникот ќе се полни со податоци

Објавено во: Економија 03 Септември, 2018

Добивај вести на Viber


Бројчаникот е поставен, а дури почне да ги врти сумите вратени, а украдени пари од буџетот низ криминални активности на функционерите, во јавноста расте дебата за тоа колкава сума ќе прикажува на почетокот, но и како ќе се зголемуваат цифрите. Првичната цел беше по судските пресуди, институциите да ги инкасираат назад украдените пари, па бројчаникот да ги покажува сумите. Иако не е единствена една од клучните институции во овој систем е Агенцијата за управуавње со одземен имот. Нејзина прва надлежност е да управува и менаџира со конфискуваниот имот, имотна корист и одзмените предмети во кривична и во прекршочна постапка. Сепак на интернет страницата на оваа институција последниот оглас е од 2016 година, моментно нема активни огласи и лицитации, а нема ниту еден годишен извештај за  тоа што било сработено досега.


Продаваат хаварисани автомобили


Фактор се обиде да дознае што во моментов се работи таму. Според нивните објави, последниот оглас е од декември 2016 година. На тој Агенцијата продавала одземени стари хаварисани возила за старо железо. Во истиот месец има ставени на продажба и машини за производство на цигари, а месец претходно, Агенцијата на оглас повторно продавала хаварисани возила за старо железо. Во моментов нема ништо на продажба. Инаку во минатото, преку оваа Агенција се продаваа на оглас и одземено злато, акции и удели во компании, но и станови и автомобили. Сепак и претходно од Агенцијата не соопштуваа со колкав конфискуван имот располагаат. На времето кога актуелно беше судењето на бизнисменот и сопственик на А1 телевизија Велија Рамковски, Агенцијата соопшти дека му го конфискувала имотот и ќе го стави на продажба. Одземеното злато пак, низ судски постапки кои се извршни Агенцијата реши да и го даде на Народната банка за да се претопи во злато за девизните резерви.


Во 2016 година продаден имот вреден 134 илјади евра


Законски,  освен што го чува и управува со конфискуваниот имот, Агенцијата треба да врши проценка на неговата вредност, да го продава и да ги враќа парите во буџетот. Таа може дел од имотот да им отстапи на други државни институции со претходна согласност од Владата, а ако станува збор за производи без декларација или сомнителни производи тие треба да ги уништи.

Инаку иако има опција да се видат, годишните извештаи на Агенцијата не и се достапни на јавноста. Според наши информации во 2016 година е продаден имот вреден 134 илјади евра.

Премиерот Зоран Заев најави деновиве дека откако се вратат сите украдени пари бројчаникот ќе покажува температура, географска ширина и должина на Скопје. Инаку во јавноста се претпоставува дека првата сума што ќе биде вкалкулирана е вратена уште пред да биде поставен, а станува збор за 433 илјади евра кои ги уплати контроверзната хрватска фирма Конструктор инженеринг. Тие ги вратија во буџетот на општина Центар парите за коишто беше осомничен поранешниот градоначалник Владимир Тодоровиќ, во врска со изградбата на мостот „Око“ .

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?