03 Мај, 2024
0.0298

Ниту победниците пресреќни, ниту поразените претажни - Само без ДУИ не се може

Објавено во: Македонија 06 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Стево Пендаровски кој победи и стана нов претседател на републиката и Гордана Силјановска Давкова која изгуби на изборите, вчера како да беа помалку важни од тоа што всушност направија партиите, со какви комбинаторики настапија во ловот на гласови и што овие резултати ќе значат за нив за следните парламентарни избори.

Најпрво мора да се истакне дека повторно еден претседател е избран со клучната поддршка на албанските партии и разликата во гласови која ја носат етничките Албанци во земјава, овој пат во вториот круг многу подобро мотивирани и определени само за еден кандидат, поточно за Пендаровски. Во вкупните бројки на победата на Пендаровски, СДСМ сепак не може да биде целосно среќна и безгрижна бидејќи во мнозински македонските средини победи ВМРО-ДПМНЕ и тоа во огромен број на општини каде градоначалници се токму припадници на актуелната владејачка партија. СДСМ сега нема право на изборна еуфорија иако ќе се насладува на поразот на лутиот и вечен непријател ВМРО-ДПМНЕ на кого му ја одзема муницијата која ја имаше по изедначениот прв круг.

Гледано според вчерашните говори најмалку на сцената потроши време победникот Стево Пендаровски кој на шега на партиските поддржувачи им рече да молчат и да го слушаат новиот врховен кандидат, за потоа долг говор со веќе повторената реторика да одржи партискиот лидер Зоран Заев. Тој уште еднаш кажа дека лекцијата од првиот круг е научена, дека пораката за недоволната поддршка е примена, и дека сите функционери мора да му служат на народот, па така сега по завршување на кампањата време е да се испорачаат резултати во реформите и градење на заедништво.

Силјановска Давкова пак, одржа нешто подолга „лекција“ во Белата палата и порача дека не ја изгубила битката, ниту таа ниту опозицијата, дека овој резултат значи почеток на делигитимирање на власта.

„Се надевам дека триумфализам нема да завладее, се надевам дека за најважните прашања, ќе се бара мислење и од противникот но едно знам со ова сите проблеми во Македонија не се решени. Овој резултат покажува дека во Македонија во опозицијата мора да се препознае важен актер и фактор во понатамошниот развој. Ова покажува дека власта не е толку силна како што мисли бидејќи очигледно дека многу од гласовите што ги имала ги изгубила, да не речам дека легитимитетот ако мисли дека со ова и е зацврстен, се лаже, изјави Силјановска Давкова.

Лидерот на опозицијата побрза да покаже дека со добиените гласови со претпоставка дека СДСМ сами би оделе на избори без заеднички листи со ДУИ, ќе победеле со повеќе градоначалници или пратеници. Секако, тоа покажа дека на ВМРО-ДПМНЕ сега повеќе му значи фактот дека има повисок рејтинг од СДСМ и дека на евентуални избори може да ја врати власта во свои раце иако без голем коалициски потенцијал, барем се додека јасно и гласно не се изјаснат БЕСА и Алијанса за Албанците, кои барем засега не гледаат партнер во ВМРО-ДПМНЕ како партија која само преку Македонците добива гласови на избори.

„Стево вика слушајте го врховниот командат. Јас велам повторно грешите, слушајте го народот! Браќа и сестри, Картата е црвена. Тоа се боите на победата, на народот, на ВМРО, на Македонија. Реалноста значи, победа во најголемиот број на општини. Во голем број на  случаи каде ВМРО-ДПМНЕ победи во првиот круг, сега победивме со уште поголемаи поубедлива разлика. Му се допаѓало тоа или не. Но, денеска реалноста е следна: ако имаше парламентарни избори, партијата која народот ја избра на овие избори и која ќе освоеше најголем број на мандати, пратеници е ВМРО-ДПМНЕ.ВМРО-ДПМНЕ направи одличен резултат. Новата реалност е дека ВМРО-ДПМНЕ е повторно најголемата политичка сила во Република Македонија“.

Ниту Силјановска Давкова ниту Мицкоски не се осврнаа на барање поддршка меѓу албанското гласачко тело поставувајќи една моноетничка призма во говорите.

Пендаровски од друга страна јасно укажа на фактот дека е потребно заедништво во земјава, со надминување на етничките бариери, благодарен на гласовите кои го доби од сите етнички заедници, особено од Албанците кои му ја осигураа победата.

„0ваа победа е пред и над `се победа на мнозинството граѓани во Република Северна Македонија, кои независно од етничка припадност, од политичка припадност, од каква било друга припадност, се обедини и рече: Продолжуваме Заедно Напред, никогаш повеќе режим“!

Според Артан груби пак, без Албанците не ја бидува, а Ахмети и ДУИ досега биле клучни за избор на собранискиот спикер Џафери, премиерот Заев и сега претседателот на државата Пендаровски. Лидерот од Мала Речица, пак конечно е задоволен што позицијата на ДУИ за избор на консензуален кандидат, прифатлив за сите етникуми, со поддршка на широка коалиција на партии бил спроведен и успешно завршен на вчерашните избори.


Х.С.

Можеби ќе ве интересира

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ