20 Февруари, 2025
0.0357

НИТУ ПРЕСМЕТУВАЛ НИТУ ПЛАЌАЛ ДАНОЦИ - финансиска полиција гони струмичанец за даночно затајување

Објавено во: Македонија 30 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Жител на струмичко Василево доби кривична пријава од Управата за финансиска полиција поради сомнение дека го сторил кривичното дело „даночно затајување“ по член 279 став 2 в.в со став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопштуваат од финансиска полиција, против лицеот К.Х. е поднесена пријава до Основното јавно обвинителство Струмица. 

- Пријавениот К. Х. во својство на сопственик и управител на Друштво за производство на конфекција, текстил и трикотажа ХЕЛЕНА ДООЕЛ увоз-извоз Василево Струмица во периодот од 1 јануари 2019 година до 25 декември 2024 година, свесно и со однапред утврдена намера со цел да се стекне со противправна имотна корист акумулираната добивка во износ од 25.174.878 денари (која се намалува за износот на основната главнина која изнесува 6.821.668 денари, на која се додава износ од 2.588.356 денари Добивка за фискална година, при што останува добивка за оданочување во износ од 20.941.566 денари основица за Данок на добивка), евидентирана во пасивата на Билансот на состојба неосновано ја присвоил за себе, меѓу другото не извршил отпис на застарени Побарувања од купувачи во износ од 13.973.029 денари и произведените текстилни производи евидентирани на залиха во вредност од 9.959.394 денари, неосновано ги присвоил и не ги евидентирал во сметководствената евиденција како кусок - пишува во соопштението на финансиска. 

Додаваат дека сопственикот на компанијата, со намера да ги прикрие инкриминираните активности, не изготвил и не поднел Завршни сметки од 2019 година до денес до Управата за Јавни приходи и до Централниот Регистар на Република Северна Македонија. 

- Пријавениот К.Х. не пресметал и не уплатил Данок на Добивка во износ од 2.094.156 денари по основ на присвоена акумулирана добивка, а за неотпишаните застарени Побарувања од купувачи не пресметал и не уплатил Данок на добивка во износ од 1.397.303 денари исто така, за не прикажаниот кусок не пресметал, не пријавил и не уплатил Данок на Додадена вредност по даночна стапка од 18% во износ од 1.792.691 денари и Данок на Добивка по даночна стапка од 10% во износ од 872.079 денари или вкупно 6.156.229 денари, за кој износ го оштетил Буџетот на Република Северна Македонија - се истакнува во соопштението испратено од Управа за финансиска полиција.

Можеби ќе ве интересира

МЛАД СКОПЈАНЕЦ САКАЛ ДА ВЛЕЗЕ ВО КРИВИЧЕН СУД СО НОЖЕВИ И САТАР - фатен е од судската полиција, ќе следи пријава

МЛАД СКОПЈАНЕЦ САКАЛ ДА ВЛЕЗЕ ВО КРИВИЧЕН СУД СО НОЖЕВИ И САТАР - фатен е од судската полиција, ќе следи пријава

„НЕМА ПРИКРИВАЊЕ НА УГИНАТИ ЖИВОТНИ, СИТЕ ПОДАТОЦИ СЕ ТРАНСПАРЕНТНИ“: ЗОО Скопје соопшти детални податоци

„НЕМА ПРИКРИВАЊЕ НА УГИНАТИ ЖИВОТНИ, СИТЕ ПОДАТОЦИ СЕ ТРАНСПАРЕНТНИ“: ЗОО Скопје соопшти детални податоци

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) ПОЧИТ КОН ТРАДИЦИЈАТА, ИНКЛУЗИВНОСТ, ВЕРБА ВО СОПСТВЕНИТЕ СИЛИ... - Златна Буба Мара на популарноста го исполни аманетот

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) ПОЧИТ КОН ТРАДИЦИЈАТА, ИНКЛУЗИВНОСТ, ВЕРБА ВО СОПСТВЕНИТЕ СИЛИ... - Златна Буба Мара на популарноста го исполни аманетот

НЕ СЕ ПРЕГОВАРА ЗА ХИМНАТА И ГРБОТ: Меџити откри за што се зборува во Влада

НЕ СЕ ПРЕГОВАРА ЗА ХИМНАТА И ГРБОТ: Меџити откри за што се зборува во Влада

„Вива“ повторно на најголемиот светски саем за храна и пијалаци „Gulfood“ во Дубаи

„Вива“ повторно на најголемиот светски саем за храна и пијалаци „Gulfood“ во Дубаи

НЕКОЛКУ СЕМЕЈСТВА ЈА МИНАА НОЌТА ПОД ОТВОРЕНО НЕБО: Пожар пеплоса еден, а зафати неколку други станови во Кисела вода

НЕКОЛКУ СЕМЕЈСТВА ЈА МИНАА НОЌТА ПОД ОТВОРЕНО НЕБО: Пожар пеплоса еден, а зафати неколку други станови во Кисела вода

ШТО МИСЛИ МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА ПРОМЕНАТА НА ДРЖАВНИОТ ГРБ? Еве го неговиот став

ШТО МИСЛИ МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА ПРОМЕНАТА НА ДРЖАВНИОТ ГРБ? Еве го неговиот став

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Tрговците загрижени од мерките на Владата бараат нова средба

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Tрговците загрижени од мерките на Владата бараат нова средба

ИНЦИДЕНТ ВО КОЧАНИ: Наставник со метален предмет нападнал ученик

ИНЦИДЕНТ ВО КОЧАНИ: Наставник со метален предмет нападнал ученик