03 Мај, 2024
0.0276

ЊУЈОРК ТАЈМС-БАЈДЕН ДА ПОБАРА ОД ЗЕЛЕНСКИ ДА СЕ ОТКАЖЕ ОД ДЕЛОВИ ОД УКРАИНСКАТА ТЕРИТОРИЈА: „Ќе мора да се носат болни одлуки“

Објавено во: Свет 24 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Уредниците на Њујорк Тајмс изнесоа тврдење дека Америка треба да го охрабри Киев да се откаже од делови од својата територија заради мирот.

Новинар на британски Телеграф, Роланд Олифант напиша текст во кој се повика на коментарот на редакцијата на Њујорк Тајмс со наслов „Војната во Украина се комплицира, а Америка не е подготвена“. Тие тврдат дека Америка треба да го поттикне Киев да и отстапи дел од својата територија на Русија и на тој начин да ја прекине војната.

-Ова е најголемиот триумф на послабиот противник уште од времето кога Давид го уби Голијат: Поразот на Русија во Украина кај Киев и Харков откри дека Русија е всушност „хартиен тигар“, колапсот на армијата на Путин е неизбежен и Украина може да ја добие војната ако западните сојузниците имаат доволно нерви. Дали сето тоа е само обична фантазија, целосно во спротивност со реалниот баланс на силите, статусот на Русија како нуклеарна сила и нејзиниот успех на бојното поле на јужниот фронт?, напиша Олифант.

Во написот, потпишан од уредничкиот одбор на весникот, се тврди дека Русија е премногу силна за да Украина може да ја победи на бојното поле, дека вистинскиот исход од војната секако ќе ги вклучи територијалните отстапки на Украина и дека претседателот Џо Бајден треба јасно да му го каже тоа на Володомир Зеленски, подобро порано отколку подоцна - што вклучува поставување јасни граници кога станува збор за американската поддршка за Киев.

И покрај неверојатните успеси на Украина околу Киев и Харков, „решителната воена победа на Украина над Русија, во која Украина ја враќа целата територија што Русија ја окупира од 2014 година, не е реална цел“, пишува весникот.

„На крајот на краиштата, украинските власти ќе мора да донесат болни одлуки во однос на територијата што ќе бара каков било компромис“, се вели во написот. Официјални лица во Киев реагираа луто.

Аргументите изнесени во уводникот на споменатите весници ја отсликуваат дебатата што се водеше во надворешнополитичките кругови на Вашингтон пред војната. Во тоа време, повеќето експерти претпоставуваа дека Украина сигурно ќе загуби, дури и со западна воена помош.

Да се ​​наметне спасоносно дипломатско решение би било подобро отколку да се ризикува воен конфликт на САД со Русија - дури и ако тоа значеше принудување на Украинците да прифатат срамни отстапки во врска со тогаш закочените мировни договори од Минск, тврдеа некои во тоа време.

Но, се чини дека Џо Бајден сега ги фрли сите карти на маса за да ја постигне досега незамисливата цел, а тоа е победата на Украина - туркање огромна финансиска помош во Сенатот и давање зелено светло за испорака на помоќно оружје на Украина.

Тоа е цел поддржана од сојузниците, вклучително и Британија и Полска.

ФОТО: EPA

Можеби ќе ве интересира

НАПАД СО ДРОН: Украинците погодија рафинерија во Русија

НАПАД СО ДРОН: Украинците погодија рафинерија во Русија

ОД УКРАИНА НЕМА РЕАКЦИЈА: Русите објавија дека зазеле село кај Авдеевка

ОД УКРАИНА НЕМА РЕАКЦИЈА: Русите објавија дека зазеле село кај Авдеевка

MAКРОН: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот, ќе пратиме војници во Украина

MAКРОН: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот, ќе пратиме војници во Украина

350 милиони долари осигурителна штета за урнатиот мост во Балтимор

350 милиони долари осигурителна штета за урнатиот мост во Балтимор

ЕВРОПСКИТЕ ЛЕТА ЌЕ БИДАТ ДУРИ И ПОТОПЛИ ОД ОЧЕКУВАНОТО - верувале или не, причина е сѐ почистиот воздух

ЕВРОПСКИТЕ ЛЕТА ЌЕ БИДАТ ДУРИ И ПОТОПЛИ ОД ОЧЕКУВАНОТО - верувале или не, причина е сѐ почистиот воздух

Почина уште еден свиркач кој предупреди на дефекти во „Боинг“

Почина уште еден свиркач кој предупреди на дефекти во „Боинг“

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

СЕ УРНА ДЕЛ ОД АВТОПАТ ВО КИНА: Најмалку 48 лица загинаа

СЕ УРНА ДЕЛ ОД АВТОПАТ ВО КИНА: Најмалку 48 лица загинаа

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место