26 Април, 2024
0.0311

НЛБ Банка избрана за најдобра банка во Р.Северна Македонија според финансискиот магазин „Euromoney“

Објавено во: Мои пари 11 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

На 10 јули 2019 година, на свеченото доделување на Euromoney наградите во Лондон. НЛБ Банка АД Скопје е прогласена за најдобра банка во Р. Северна Македонија.

На годинешното јубилејно 50. свечено доделување на наградите на реномираниот британски магазин „Euromoney“ беа доделени награди на најдобрите банки и финансиски институции од  целиот свет. НЛБ Бaнка АД Скопје е добитник на наградата за најдобра банка во Р. Северна Македонија, што претставува уште една  потврда за нејзиното успешно работење и  остварените позитивни резултати.

Доделувањето на Еuromoney наградите се базира на различни критериуми, при што покрај остварените деловни резултати, се земаат предвид пазарната позиција, иновативноста, новите услуги, системот на управување и професионалноста на вработените. Процесот на избор трае повеќе од два месецa со учество на новинари и кореспонденти на Euromoney магазинот кои го имаат завршниот збор при изборот на добитниците на наградите.

НЛБ Банка и понатаму ќе продолжи да ги следи светските технолошки трендови и како современа и иновативна банка да биде посветена на дигитализацијата и унапредување на банкарските процеси. Паралелно со постојаното надградување на дигиталните сервиси, континуирано ќе ја осовременува и проширува мрежата на експозитури,сèсо цел поголема достапност за клиентите, поедноставување на работењето и подобрување на услугите кои ги нуди.

Покрај наградата за НЛБ Банка АД Скопје, оваа година НЛБ Групацијата е добитник на уште три награди: награда на НЛБ д.д. Љубљана за најдобра банка во Словенија, награда за најдобра трансформација во регионот на Југоисточна Европа и награда за НЛБ Банка Подгорица за најдобра банка во Црна Гора. НЛБ Групацијата е единствена универзална финансиска институција фокусирана исклучиво на регионот на Југоисточна Европа и нуди сеопфатна понуда на финансиски продукти и услуги.

Повеќе за Euromoney

Веќе 50 години „Еуромани“ е водечки магазин кој го покрива растот на меѓународните финансии. За само една година овој магазин има реализирано интервјуа со 100 извршни директори на банките, министри за финансии и гувернери на Централните банки од целиот свет.

Доделувањето на наградите на Euromoney датира од 1992 година се и се одржува секоја година. Оваа година имаше пријавено речиси 1000 финансиски институции  кои влегуваат во трката 170 награди. Наградите на Euromoney се награди кои се од исклучително значење за банките и воопшто банкарскиот сектор..

Можеби ќе ве интересира

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ