05 Мај, 2024
0.0240

Нов бесценет артефакт за историјата на Пивара Скопје

Објавено во: Мои пари 26 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Дали знаете кога е основана Пивара Скопје?Едногодишното истражување што го спроведува тимот на Пивара Скопје, во соработка со Центарот за научно истражување и промоција на културата – ХАЕМУС, пребарувајќи ги архивите во Белград, Загреб и Софија, дојде до нови податоци и артефакти кои покажуваат дека компанијата била основана на 2 септември 1922 година, а дека производство на пиво започнало во август 1924 година.

Во пресрет на големиот јубилеј - 100 години од основањето на Пивара Скопје, збирката на артефакти за историјата на Пивара Скопје, денеска се збогати со уште две книги, кои се подарок од Државниот Архив и датираат уште од 1924 година. Првата книга - „Дневник на купувачи на пиво“ е всушност евиденција за првите купувачи кои набавиле буриња со пиво, а во втората книга може да се забележат потписите на првите потрошувачи кои направиле нарачки, меѓу кои биле познатото семејство Шкаперда, скопската митрополија, офицерскиот дом и многу други.

„Многу сме им благодарни на Државниот Архив и Центарот за научно истражување и промоција на културата – ХАЕМУС за одлуката овој артефакт да ѝ биде предаден на Пивара Скопје. Постојаното надополнување на нашата колекција на артефакти е од огромно значење за компаниското наследство. Ме радува што еден ваков бесценет артефакт се враќа онаму од каде што потекнува“, изјави Ламбро Патче, менаџер за комуникации и односи со јавност на Пивара Скопје.

Од тимот што работи на истражувањето очекуваат дека ќе се откријат уште многу интересни артефакти, а и непознати факти кои дополнително ќе го збогатат наследството на Пивара Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ