Нов министер за здравство - Села излегува од Владата?
Објавено во: Македонија 16 Декември, 2017
Венко Филипче најверојатно ќе биде предлогот на премиерот Зоран Заев до Собранието за нов министер за здравство, брифира висок владин функционер за ТВ 24.
Истиот функционер вели дека во игра е и актуелниот директор на болницата „Осми септември“, Кристијан Костовски, но според него, најверојатно Филипче ќе биде изборот.
Истиот функционер порачува дека Села ќе добие уште една понуда за останување на „Илинденска“ – освен вицепремиер за реформи, ќе му биде понудено и заменичкото место во здравство. Но, ништо повеќе од тоа, вели истиот функционер.