НОВ ПОВИК ДО ГРЦИTE: На 25 месецов ќе протестираат во Патрас
Објавено во: Балкан 08 Февруари, 2018
На социјалните мрежи се појави покана за настан за протест во грчкиот град, Патрас на 25 февруари под мотото „Македонија е грчка“.
Се повикуваат Грците да протестираат против примената на терминот „Македонија“ во решението за спорот за името.
Протестот во Патрас е трет во Грција. Претходните два беа во Солун и Атина.
На протестите се појавија граѓани, уметници, свештеници, политичари.
Беа упатени радикални пораки кон Македонија и кон власта во Грција да не прифаќа решение со терминот „Македонија“.
Само солунскиот градоначалник Јанис Бутарис го кажа својот став дека не треба да се протестира. Тој рече дека Грција не помага на својот сосед.