Нов скандал ја тресе Европа-се заканува историска тужба!
Објавено во: Свет 16 Ноември, 2016
Пет најголеми европски произведувачи на камиони наскоро ќе се соочат со судејќи по се најголемата тужба „тешка“ дури 100 милијарди евра.
Обештетување од нив ќе побара група купувачи на нивните возила бидејки сметаат дека биле жртва на картелско здружување.
Во правна смисла за оваа астрономски вредна постапка наводно тужителите ќе се повикаат на новата европска директива со која се нуди можност на жртвите на пазарното наддавање да тужат за накнада на штета.
Услов за таа, според некои аналитичари клучна и корисна постапка, поради значаен износ на финансиската сатисфакција, докажана е повреда на прописите за заштита на пазарно наддавање.
Ваквиот случај, може да биде и показател на нова судска пракса, посебно затоа што законската материја е новина во цела ЕУ, а пресдуди од тој тип уште не постојат.