НОВ СКАНДАЛ: За што Трамп го обвинува Обама?
Објавено во: Свет 04 Март, 2017
Претседателот на САД, Доналд Трамп е на пат да создаде нов скандал откако го обвини својот претходник Барак Обама дека наредил Трамп да биде прислушуван пред претседателските избори, одржани на 8 ноември, пренесоа агенциите.
„Ужасно! Штотуку дознав дека Обама ме прислушкувал во Трамп Тавер токму пред победата"- се вели во еден од твитовите на Трамп.
„Се обложувам дека добар адвокат може да направи одлучен случај од фактот дека претседателот Обама во октомври го прислушкувал мојот телефон, непосредно пред изборите“- напиша Трамп на својот Твитер профил.
„Колку ниско претседателот Обама паднал за да ми го прислушкува телефонот во текот на светиот изборен процес. Тоа е Никсон/ Вотергејт. Лош (или болен) човек“- напиша Трамп во уште еден твит.