Нов Зеланд станува немилосрден кон странците, еве и зошто
Објавено во: Свет 21 Мај, 2019
Владата во Нов Зеланд одлучи да се помири со големиот број туристи, но ќе ја заштити природата со воведување на даноци.
Данокот кој ќе го плаќаат посетителите ќе се троши за обнова на инфраструктурата и за чувањето на пределите.
Од октомври за влез во земјата ќе наплаќаат по 35 новозеландски долари.
Лани имале 3.8 милиони туристи. Се очеква дека до 2025 година бројот на странски туристи ќе порасне на пет милиони.