НОВА ИДЕЈА: Воведување на патнички места за стоење во авион
Објавено во: Свет 23 Април, 2018
Руската нискобуџетна авиокомпанија „Победа“ размислува за една нова идеја. Се работи за воведување места за стоење во своите авиони, соопштија од компанијата.
- Го разгледуваме воведувањето патнички кабини, што би ја зголемило ефикасноста и би придонело во продажба да има што повеќе евтини карти - истакнаа од компанијата, чија флота во моментов е составена од 18 „боинг 737-800“, а до крајот на 2019 година планира да го зголеми бројот на леталата на 30.
Британските медиуми известија дека италијанската компанија „Авиоинтериорс“ исто така го разгледува воведувањето места за стоење, така што покрај вообичаените седишта, би се монтирале вертикални потпирачи со плитко седиште и два потпирачи за раце.