НОВА КОБНА НАВИКА: Младите користат ножеви и оружје уште од 11 годишна возраст
Објавено во: Свет 11 Април, 2018
Низ улиците на Лондон може да се види многу лоша слика. Млади деца уште од 11 годишна возраст стануваат насилници чијашто главна играчка повеќе не се џамлиите како порано, туку ножеви.
Веќе сѐ повеќе се гледаат деца повредени од ножеви, а станува бизарен тренд и употребата на оружје од страна на млади лица на возраст од 11 до 15 години.
Jermaine Lawlor почнал да носи со себе нож уште кога имал 11 години. Тој вели дека не бил единственото дете во неговиот кварт коешто имал таква навика.
„Во Лондон каде што носењето оружје е нелегално и каде што 90 % од полицајците не користат оружје, се зголемува стапката на криминал. Годинава, до април фатално биле избодени 35 лица, а ако направиме споредба со целата мината година(2017), во којашто имало 79 фатални убоди со нож, можеме да забалежиме ФАТАЛЕН раст на бројката.“, пишува NBC news.
Волонтерите во одредени квартови велат дека сѐ помлади се насилниците коишто завршуваат во затвори. Според волонтерите, многумина од оние коишто носат ножеви не се членови на некаква банда туку тоа го прават затоа што им е страв и се чувствуваат небезбедно.
фото: NBC news