02 Мај, 2024
0.0258

Нова платформа за промоција и поддршка на извозот

Објавено во: Економија 21 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Денеска стартуваше Извоз.МК, специјализирана платформа за промоција и поддршка на македонскиот извоз и македонските извозни компании. Главниот фокус ќе биде ставен на порталот www.izvoz.mk, кој има за цел на едно место да ги обедини сите важни информации од земјата и светот, пазарните трендови, како и да ги сподели успешните домашни и странски примери и добри практики во градење на успешна извозна стратегија.

Оттаму соопштуваат дека преку специјализираните категории Export Intelligence, Извозен водич, Саеми, Извозни пазари, ќе се објавуваат најнови трендови, истражувања и анализи кои ќе им бидат од корист на компаниите кои веќе извезуваат производи и услуги или сакаат да ги направат почетните чекори за интернационализација на својот бизнис.

Исто така, на порталот www.izvoz.mk ќе се објавуваат и информации од областа на Транспорт и логистика, Финансиски услуги.

Целта на Извоз.МК е да се зголеми свесноста кај јавноста и носителите на економските политики дека за мали економии, како што е македонската, извозот е од пресудно значење за остварување на поголем економски раст и развој, повисоки плати и повисок и поквалитетен животен стандард.Мисијата за зголемување на извозот во државата може да биде успешна само ако на неа работат и дадат свој придонес сите институции, почнувајќи од државната и локалната администрација, министерствата, економската дипломатија и македонските амбасади низ светот, финансиските и осигурителни институции, стопанските комори, извозните компании, Царината, Развојната банка, научно-образовните институции и сите носители на економски политики,стои во соопштението.



Можеби ќе ве интересира

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај