26 Април, 2024
0.0364

Нови играчки за безброј насмевки на Детската Клиника за Онкологија

Објавено во: Мои пари 27 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Во овие празнични денови сите  треба да ја наоѓаат магијата во себе. Негувајќи ги основните човекови доблести како хуманоста и добрината, го исполнуваме секој со надеж и среќа. Тоа го постигнуваме преку поддршка и пораки за оние на кои им е најпотребно. Затоа во Капитол мол во сабота, 29.12.2018 година, во 18.00 часот,за #кажимисреќнанова ќе се одржи Новогодишното шоу „ТОРБАТА НА ДЕДО МРАЗ“ кое во себе носи хуманитарна порака.

Капитол мол заедно со Државнавидео лотарија на Македонија, која е воедно и поддржувач на кампањата, ги повикува сите да подарат среќа на децата од Детската Клиника за Онкологија. Тоа ќе го направат со тоа што ќе донесат подарок нова играчка за насмевки во Новата година за децата кои се лекуваат на хематологија на новогодишната претстава „ТОРБАТА НА ДЕДО МРАЗ“. Новогодишната претстава е креирана така што на интерактивен начин овозможува подучување на децата на филантропија и помош. Претставата е интерактивна и активно ги вклучува децата преку  драмски и музички елементи отсвирени и испеани од професионални оперски пејачи во придружба на пијано и труба.

Повеќе информации за претставата може да се најдат на:

https://www.facebook.com/events/365911557292629/

И оваа година децата ќе може да ја почуствуваат вистинската празнична магија во Капитол мол и во исто време ќе  можат да направат и некое друго дете среќно.

Можеби ќе ве интересира

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”