НОВИ НАПАДИ ВО РУСИЈА: Во кого е пукано овој пат?
Објавено во: Свет 06 Април, 2017
Четири лица кои се осомничени за два напади на полицијата во градот Астрахан на југот од Русија, се убиени во текот на потрагата, неколку часа по вториот напад.
Напаѓачите убија двајца и ранија двајца полицајци.
Од возило во движење е пукано во тројца војници од Националната гарда. Еден од војниците е убиен на лице место.
Градоначалникот на градот вчера соопшти дека се сомневаат дека овие напаѓачи се поврзани со организацијата „Исламска држава“. Но, оваа информација не е потврдена од истражните органи.
Овие напади се случија откако имаше предупредување за можност од напади, откако маж се разнесе во метрото во Санкт Петербург каде уби 14 и рани 40 луѓе.