НОВИ ПОДАТОЦИ: Еве колкава е невработеноста во Македонија
Објавено во: Економија 06 Март, 2020
Mногу мал пад на невработеноста има во државата.
За половина процент се намалила невработеноста во четвртиот квартал од 2019 година, во однос на претходните три месеци во 2019-та година.
Од 17,1 отсто невработеноста во 2019 заврши на ниво од 16,6 отсто. Највисока невработеност има кај младите до 24 години и таа изнесува 35 отсто.
Oва може да се види од податоците на Државниот завод за статистика.
Сепак, Македонија е лидер во регионот по високата стапка на невработеност. Младите најтешко доаѓаат до работа.