13 Мај, 2024
0.0271

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

Објавено во: Економија 28 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Центарот за иновации на хуманоидни роботи во Пекинг штотуку го претстави својот најнов хуманоиден робот „Тиангонг“, способен да трча со брзина од 6 километри на час, што претставува значителен напредок во развојот на роботиката.

Со висина од 163 сантиметри и тежина од 43 килограми, роботот има доволно лесна и стабилна конструкција што му овозможува да работи стабилно и правилно.

Опремен е со сензори за визуелна перцепција, високопрецизна инерцијална мерна единица и сензори за 3D вид. Сето тоа му овозможува да се движи ефикасно и стабилно во средината во која се наоѓа.

Покрај тоа, во роботот се вградени високопрецизни шестдимензионални сензори за сила, кои му даваат многу прецизна повратна информација за силата на движење.

Природно трчање

Тиангонг користи сосема нов метод за учење на движечката вештина на хуманоидните роботи, што одигра клучна улога во постигнувањето на висок степен на способност за движење што го прави неговото трчање да изгледа природно.

Креаторите на роботот ја нагласуваат неговата компатибилност, што му овозможува да користи различни отворени комуникациски интерфејси и флексибилно да ги проширува софтверот, хардверот и другите функционални модули.

Сето ова го прави многу прилагодлив и го обезбедува неговиот потенцијал за различни намени и можности за примена.

Прилагодлив на било која површина

За време на демонстрацијата на своите способности, Тиангонг успешно се движеше по нагорнини и скали, без „визуелен влез“, односно само врз основа на сензори. Демонстрирајќи ја својата способност да се прилагоди на променливата средина, роботот исто така ја покажа својата агилност да го прилагоди одењето кога наидува на пречки или нерамен терен.

Значајниот напредок во развојот на хуманоидните роботи кои Тиангонг ги носи со својата способност за природно движење и извршување други движења ја отвора вратата за неговата потенцијална примена во различни области, како што се: операции за пребарување и спасување, одговор при катастрофи и помош, и секако во преработувачката индустрија.

Роботот сигурно ќе мора да помине низ повеќе фази на развој и тестирање, но она што Тиангонг веќе го покажа е прилично импресивен чекор напред за роботиката.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: ТОП-100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 : Бехтел и Енка, Магна Мирорс, Протергиа и РЕС на листата

ФАКТОР АНАЛИЗА: ТОП-100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 : Бехтел и Енка, Магна Мирорс, Протергиа и РЕС на листата

ГОДИНАВА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ НЕМА ДА ДОСТИГНЕ НИ 3 ОТСТО - НБМ со најнова намалена прогноза, БДП ќе се зголеми за само 2,6 проценти

ГОДИНАВА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ НЕМА ДА ДОСТИГНЕ НИ 3 ОТСТО - НБМ со најнова намалена прогноза, БДП ќе се зголеми за само 2,6 проценти

Изборите завршија, враќање на редовните колосеци - одма, сега и веднаш

Изборите завршија, враќање на редовните колосеци - одма, сега и веднаш

ОДЛИЧЕН СТАРТ НА НАФТЕНАТА КОМПАНИЈА: „Макпетрол“ за три месеци оствари чист профит од 2,2 милиони евра

ОДЛИЧЕН СТАРТ НА НАФТЕНАТА КОМПАНИЈА: „Макпетрол“ за три месеци оствари чист профит од 2,2 милиони евра

„ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ НА КРАТОК РОК НЕ СЕ ОЧЕКУВААТ“: еве што велат економистите по промената на власта

„ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ НА КРАТОК РОК НЕ СЕ ОЧЕКУВААТ“: еве што велат економистите по промената на власта

ШПАНСКИ ТУРИСТИ И БЛОГЕРИ ЈА ИСТРАЖУВААТ МАКЕДОНИЈА - ќе стане ли атрактивна за тамошните жители?

ШПАНСКИ ТУРИСТИ И БЛОГЕРИ ЈА ИСТРАЖУВААТ МАКЕДОНИЈА - ќе стане ли атрактивна за тамошните жители?

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра