Нови земјотреси го тресат тлото-Охриѓани и денес се будат со тресење
Објавено во: Македонија 07 Јули, 2017
Не престанува да се тресе тлото во Охрид.
Серија земјотресеи регистрирани и во изминативе вечерни и утрински часови.
Утрово повторно Охриѓани ги разбуди земјтрес кој според сеизмолозите бил со 3,7 степени по Рихтер во 7.18 часот.
Две минути пред овој земјотрес е евидентиран уште еден со Рихтерова магнитуда од 3,3 степени.
Преостанатите четири земјотреси се случиле во 1:07 часот по полноќ со манитуда од 3,3 степени, во 2:52 часот (2 степена), во 4:32 часот (3,1 степен) и во 6:54 со магнитуда од 2,8 степени.
Епицентарот на сите земјотреси бил во охридското епицентрално подрачје.
Охридскиот регион веќе 20 дена регистрира над 1.000 земјотреси.
Најсилниот регистриран земјотрес досега беше од 5 степени по Рихер кој предизвика вознемиреност кај жителите и туристите, а беа пријавени и помали материјални штети.