НОВИОТ ЧОВЕК НА ТРАМП ЗА ЕВРОПА ДЕНЕС ВО МАКЕДОНИЈА: Рикер на добро позната територија
Објавено во: Македонија 04 Март, 2019
Цивилниот заменик и политички советник командант на Европските команди на Вооружените сили на САД, Филип Рикер, кој овој месец треба да ја преземе функцијата помошник на американскиот државен секретар за европски и евроазиски работи, денеска ќе престојува во Скопје.
Владата на Северна Македонија, соопшти дека Рикер, кој е некогашен амбасадор во Скопје, во текот на претпладнево ќе се сретне со шефот на дипломатијата Никола Димитров, а попладне следи состанок со премиерот Зоран Заев,
Според најавите Рикер во Скопје ќе учествува на конференцијата на Маршаловиот фонд на САД.
Амерканскиот дипломат на 18 март би требало да го замени Вес Мичел на функцијата шеф на Бирото за европски и евроазиски работи.