10 Јули, 2020
0.0312

Новиот HUAWEI Y5p доаѓа со FullView дисплеј и дизајн во бои

Објавено во: Мои пари 01 Јуни, 2020

Новиот 5,45-инчен додаток во AppGallery портфолиото на компанијата нуди сè што ви треба за целодневна забава

Најновиот модел од прифатливата, младечка серија Y на Huawei - Y5p, веќе е достапен на македонскиот пазар. Неверојатниот смартфон освојува со својот 5,45-инчен1 FullView дисплеј и нов дизајн, достапен во три бои - Midnight Black, Phantom Blue и Mint Green. Со младешки дух, голем број карактеристики, 32 GB складирање и моќна батерија од 3020mAh (типична вредност), Y5p е лојален и сигурен пријател за секоја забава. Главната камера со 8MP ги овековечува сите важни моменти за споделување со вашите пријатели.

Импресивно голем дисплеј и извонреден дизајн

Новиот HUAWEI Y5p има голем 5,45-инчен FullView дисплеј. Компактниот дизајн со тесни рамки од обете страни и 18:9 сооднос на панелот со HD+(1440x720)резолуција обезбедува оптимално искуство со вашата омилена мултимедијална содржина. Елегантно заоблената форма помага за удобно држење на уредот и безгрижна употреба дури и со едната рака. Оптимизациите на антената даваат беспрекорен сигнал, без оглед на позицијата на телефонот.

Квадратниот модул на задната камера содржи три елементи, кои потсетуваат на класичниот дизајн на фаровите на стилски автомобил. Вградените линии околу модулот формираат бранови што се движат слободно и создаваат привлечен сјај. HUAWEI Y5p е достапен во три бои: Midnight Black, Phantom Blue и Mint Green. Последните две се создадени со посебен троен слој, кој му дава на паметниот телефон уникатен сјај.

Подготвени за беспрекорни резултати од која било задача

HUAWEI Y5p ја извршува секоја задача со леснотија, благодарение на својот осум-јадрен процесор. Ефикасните перформанси се во целосна синергија со 32 GB внатрешната меморија за да ги задоволат потребите за складирање на секој корисник. За поактивните и љубителите на игри и музика, паметниот телефон има слот за дополнителна меморија до 512 GB. Вградената голема батерија од 3020mAh овозможува безбедна употреба на телефонот во текот на денот. Со едно полнење можете да гледате до 17 часа видео содржини или 13 часа сурфање на 4G2 интернет.

Камери за секоја пригода

Главната камера има 8MP со f/2.0 објектив, преку кој можете да фотографирате со одличен квалитет. HUAWEI Y5p поддржува HDR режим, кој преклопува повеќе кадри во една, со подобар динамичен опсег. Со селфи-камерата од 5 мегапиксели, вашите автопортрети се подготвени да се споделат на социјалните медиуми. Исто така, предната камера поддржува Face Unlock за да се олесни непречено и удобно отклучување на уредот.

Интуитивно искуство со ЕМUI 10.1

HUAWEI Y5p работи со EMUI 10.1, најновата верзија на оперативниот систем на Huawei, базиран на Android. Исто така, нуди опсег на оптимизации на системот и интуитивни карактеристики кои го подобруваат искуството на корисникот.HUAWEI EROFS на EMUI 10.1ја подобрува брзината на читање и обработка на датотеки. Во меѓувреме, може да обезбеди околу 2 GB дополнителен простор за складирање за уште 1000 слики или 500 аудио датотеки3.Simple режимот ги зголемува иконите и големината на фонтот за полесен кориснички интерфејс, што е особено корисно за лицата со оштетен вид, додека Partyрежимот им овозможува на корисниците безжично да поврзуваат повеќе уреди со импровизиран повеќеканален звучен систем.

HUAWEI Y5p е инсталиран со AppGallery - официјалната продавница за апликации на Huawei. AppGallery нуди богато портфолио на глобални и локални апликации. Корисниците можат да уживаат во квалитетни платформи за забава, како што се HUAWEI Video, HUAWEI Music и HUAWEI Reader, кои постојано се ажурираат со нови содржини од најдобрите провајдери.

Цени и достапност

Во Македонија, продажбата на новиот HUAWEI Y5p започнува од денес (1 јуни) во Техномаркет и Нептун, а набрзо и во Сетек, по препорачана крајна цена за потрошувачите од 6,499 денари.

Сите податоци и резултати се добиени во лабораториите на Huawei и се веродостојни. Реалните резултати може да варираат во зависност од различни производи, софтвер, сценарио на употреба и фактори на животната средина.


Можеби ќе ве интересира

НАГРАДНА ИГРА НА ПОДРАВКА: Во жарот на летото со Talianetta до супер парични награди

НАГРАДНА ИГРА НА ПОДРАВКА: Во жарот на летото со Talianetta до супер парични награди

Македонската компанија Brainster започнува со работа во Виена

Македонската компанија Brainster започнува со работа во Виена

Како поседувањето сопствен дом ќе ви помогне за подобра финансиска стабилност?

Како поседувањето сопствен дом ќе ви помогне за подобра финансиска стабилност?

Онлајн промоција на романот за деца „Изброј ги ѕвездите“ за хероизмот на Данците во спасувањето на Евреите во Втората светска војна

Онлајн промоција на романот за деца „Изброј ги ѕвездите“ за хероизмот на Данците во спасувањето на Евреите во Втората светска војна

Со маска, средство за дезинфекција и дистанца, ДИК со герила акција во Скопје повика на безбедно гласање!

Со маска, средство за дезинфекција и дистанца, ДИК со герила акција во Скопје повика на безбедно гласање!

Американската aгенција за храна и лекови: IQOS е производ со модифициран ризик

Американската aгенција за храна и лекови: IQOS е производ со модифициран ризик

ЕБОР и ЕУ ќе го зголемат финансирањето на МСП на Западен Балкан

ЕБОР и ЕУ ќе го зголемат финансирањето на МСП на Западен Балкан

Тедески и Станковиќ – “еден на еден“ на Викенд Медиа Фестивал

Тедески и Станковиќ – “еден на еден“ на Викенд Медиа Фестивал

„Тековни и идни потреби од дигитални услуги за работа од далечина“

„Тековни и идни потреби од дигитални услуги за работа од далечина“