20 Август, 2018
0.2690
    FERS 58000    -2.52%     OKTA 4211    -0.1%     SBT 2000    0%     STB 1035    0.34%     STIL 135    2.88%     TEL 277    -0.14%     TNB 14100    -0.21%     TPLF 1216    -0.33%     UNI 2360    -1.67%

Новиот, супер моќен Галакси Ноут9 (Galaxy Note9): За оние кои сакаат сè

Со целодневни перформанси, ново “С“ Пенкало (S Pen) и интелигентна камера, Галакси Ноут 9 (Galaxy Note 9) е создаден да ве следи во динамичното секојдневие

Објавено во: Мои пари 09 Август, 2018

Компанијата Самсунг Електроникс (Samsung Electronics Co., Ltd.) денес го најави Галакси Ноут9 (Galaxy Note9) - најновото дополнување на својата серија премиум Ноут (Note) уреди. Серијата Ноут е препознатлива по вклучувањето на најновите иновативни решенија од Компанијата, па затоа Галакси Ноут9 се заснова на ова наследство како премиум паметен телефон кој обезбедува врвна изведба, ново “С“ Пенкало (S Pen) со можност  за поврзување кое се појавува прв пат досега, и најинтелигентната камера на Самсунг досега.


Ноут серијата отсекогаш е пример за премиум технологија и иновативност која ја дефинира индустријата, и Галакси Ноут9 не е исклучок од ова. Новиот уред е дизајниран за ниво на перформанси, моќ и интелигенција кои корисниците на денешницата ги сакаат и им се потребни. Фановите на Ноут се најлојалните корисници на Самсунг. Знаеме дека тие сакаат сѐ - да го искористат максимумот од работните можности и можностите за забава, а Галакси Ноут9 е единствениот телефон кој може да ги следи нивните динамични животи.” – изјави ДЏ Кох (DJ Koh), Претседател и Извршен Директор на Одделот за ИТ и Мобилни Комуникации, Самсунг Електроникс.

Целодневна употреба

Луѓето се потпираат на нивните паметни телефони за речиси сè што прават - цел ден, секој ден. Тие имаат потреба од телефон кој може да го следи нивното темпо, без притоа да мора да најдат најблиско место за полнење, или пак да ги избришат фотографиите за да ослободи место за зачувување на податоци, без нервозно да чекаат да се симне видеото пред да се качат на нивниот лет или да се справуваат со било каков застој при играње на игри.

Тие имаат потреба од телефон кој нема да ги изневери, а Галакси Ноут9 тоа го овозможува.

·  Целодневна батерија: Батеријата од 4.000mAh на Галакси Ноут9 е најголемата досега на премиум Галакси уредите, со долготрајна моќност за целодневна употреба при разговор, пишување, играње игри и гледање филмови од утро до вечер.

·  Чувајте повеќе, избришете помалку: Галакси Ноут9 е достапен со две внатрешни опции за зачувување податоци – може да изберете од 128GB или до 512GB. Со можноста да вметнете микроСД (microSD) картичка, Галакси Ноут9 е 1TB[1] подготвен да ви обезбеди спокојство и уживање знаејќи дека имате доволно простор за омилените фотографии, видеа и апликации.

·  Брзина и моќност: Галакси Ноут9 е супер моќен паметен телефон со најсовремен 10nm процесор и поддршка за највисоките мрежни брзини достапни на пазарот (до 1,2 гигабити во секунда) за проследување и преземање без забавување. Галакси Ноут9, исто така го вклучува и водечкиот во индустријата, развиен од Самсунг, систем за ладење со вода и јаглерод и алгоритам за адаптирање на перформансите базиран на вештачка интелигенција (АИ), за да ги испорача моќните, но стабилни перформанси.

Еволуција на “С“ Пенкалото

“С“ Пенкалото е карактеристичен белег за Ноут серијата. Со негова помош корисниците го креираа својот препознатилв знак, а Самсунг го прошири поимот за тоа што може да направи паметниот телефон. Она што започна како алатка за пишување и цртање, сега става повеќе моќ и контрола во рацете на корисниците.

Со поддршка за Блутут Ниска-Енергија (Bluetooth Low-Energy - BLE), новото “С“ Пенкало нуди сосема нов начин за користење на Ноут. Со само еден клик, сега е можно да се направат “селфи“ и групни фотографии, да се презентираат слајдови, да се паузира и пушта видео, и уште многу други работи. Програмерите дури можат да го интегрираат новото “С“ Пенкало со напредни “BLE” функционалности во нивните апликации подоцна оваа година.

Интелигентна камера која креира совршени фотографии

Може да претставува предизвик да се креира фотографија која ќе изгледа исто како оние направени од професионалците - но повеќе не би требало да е. Галакси Ноут9 се базира на водечката технологија за камери на Самсунг и нуди  нови можности  со кои добивате совршена слика.

·  Оптимизатор на сцена: Камерата на Галакси Ноут9 е најпаметната камера досега на Самсунг. Таа користи интелигенција за да ги идентификува елементите на фотографијата, како што се сцената и субјектот, за автоматски да ги класифицира во една од 20-те категории и моментално да ја оптимизира врз основа на категоријата. Резултатот е неверојатен со реалистична слика во која има јасни бои и динамичка дефиниција.

·  Откривање недостатоци: Првото сликање не секогаш излегува онака како што посакуваме, но Галакси Ноут9 им овозможува на корисниците да знаат дека нешто не е во ред со фотографијата за да можат да направат друга, без притоа да го изгубат моментот кој сакаат да го зачуваат. Корисниците се известени со појавување на итно известување доколку фотографијата е заматена, субјектот трепка, има отисок или прашина на објективот или има задно осветлување што влијае на квалитетот на фотографијата.

·  Премиум камера: Со уникатната комбинација на напредни функции и водечки премиум хардвер, камерата на Галакси Ноут9 е најдобрата на пазарот - со напредна технологија за намалување на шум и објектив со двојна[2] решетка, која се прилагодува на светлината исто како човечкото око. Независно од условите на осветлување, најдобрата камера на Галакси Ноут9 обезбедува кристално чиста слика.

Премиум искуства: од работа до игра

Бесконечниот екран (Infinity Display) е камен-темелник на дизајнерското наследство на Самсунг, а Галакси Ноут9 има досега најголем приказ од еден до друг раб од цела Ноут серија. Супер АМОЛЕД (Super AMOLED) Бесконечниот екран со големина од 6,4-инчи обезбедува навистина извонредно мултимедијално искуство. Бесконечниот екран на Галакси Ноут9 е надополнет со стерео звучници, подесени од АКГ (AKG), како и способноста да се испорача извонредно аудио од Долби Атмос (Dolby Atmos®) за неверојатен звук кој нуди редално доживување. Видеото гледано од мобилен уред никогаш не изгледало и звучело подобро како од она пуштено на Галакси Ноут 9. Јутуб (YouTube) дури го нарече новиот Галакси Ноут9 како уред препознатлив по испорачување најдобро искуство при следење Јутуб содржини.

Галакси Ноут9, со помош на Самсунг Де-е-Икс (Samsung DeX), нуди и искуство слично на користење на компјутер. Корисниците можат да работат на своите презентации, да ги уредуваат фотографиите и да го гледаат омиленото шоу, сето ова преку својот телефон. Лесно преносливите “HDMI“ адаптери[3] овозможуваат поедноставно поврзување со Самсунг Де-е-Икс, без разлика каде се наоѓаат корисниците. Кога е поврзан со монитор, Галакси Ноут9 може да напојува виртуелен десктоп, па дури и да служи како целосно функционален втор екран. Корисниците може да креираат белешки со “С“ Пенкалото додека гледаат видео или да го користат Галакси Ноут9 како управувач осетлив на допир (trackpad), за десен клик, да повлечат и постават содржини од една во друга папка, или да користат повеќе прозорци на мониторот. Никогаш не било полесно да се биде попродуктивен.

Галакси и понатаму

Премиум Галакси технологиите се стандард за Ноут9: брзо безжично полнење, “IP68“ отпорност од вода и прав[4] и Самсунг услугите како Самсунг Здравје (Samsung Health) и Самсунг Плати (Samsung Pay). Галакси Ноут9 ја содржи и карактеристичната сигурна платформа “Knox“ со биометриски безбедносни опции, вклучувајќи го скенирањето на отпечатоци, скенирањето на ирисот и способности за препознавање на лице, со цел за да се зачуваат важните информации безбедни.

Галакси Ноут9 отвора еден свет на можности - тоа е портал за целосниот екосистем на Самсунг уредите и услугите. На пример, користете го Галакси Ноут9 и “SmartThings“ апликацијата за да ги контролирате поврзаните уреди или да направите повеќе со помош на Биксби (Bixby)[5], персонализираниот и интелигентен асистент. Исто така со лансирањето на Галакси Ноут9, Самсунг го олеснува уживањето во музиката со новиот долгорочен партнер, Спотифај[6] (Spotify). Партнерството со Спотифај ги прави лесни, достапни и беспрекорни синхронизирањето и преносот на музиката, плејлистите и подкастите преку Галакси Ноут9, Галакси часовникот (Galaxy Watch) и паметните ТВ уреди.

На македонскиот пазар, Галакси Ноут9 ќе биде достапен за купување од 24. август 2018 година, а сите заинтересирани ќе може да го одберат својот модел во  Полноќно Црна и Лаванда Виолетова нијанса, како и новата Океанско Сина нијанса со уникатно жолто “С“ Пенкало.

За повеќе информации за Галакси Ноут9, посетете ги http://www.samsungmobilepress.com, news.samsung.com/galaxy или www.samsung.com/galaxy.

Спецификации на производот Галакси Ноут9:

Галакси Ноут9

Екран

6.4-инчен Quad HD + Super AMOLED, 2960x1440 (516ppi)

*Екранот се мери дијагонално како целосен правоаголник без да се земат предвид заоблените агли

*Стандардната резолуција е Full HD+ и може да се смени во Quad HD+ (WQHD+) во Поставки (Settings)

Камера

Задна: двојна камера со двоен OIS (оптичка стабилизација на слика)

- Широк агол: двоен пиксел со 12 мегапиксели AF, F1.5 / F2.4, OIS 

- Телефото: 12MP AF, F2.4, OIS

- 2X оптички зум, до 10x дигитален зум

Предна камера: 8MP AF, F1.7

Големина на телефонот

161.9 x 76.4 x 8.8mm, 201g, IP68 (BLE S Pen: 5.7 x 4.35 x 106.37mm, 3.1g, IP68)

* Спроведено IP68 тестирање за отпорност на вода и прашина. Врз основа на условите за тестирање на потопување до 1,5 метри во свежа вода до 30 минути.

АП (AP)

10nm 64-битен Octa-core процесор (Макс. 2.7 GHz + 1.7 GHz)

10nm 64-битен Octa-core процесор (Maкс. 2.8 GHz + 1.7 GHz)

* Може да се разликува од пазарот и мобилниот оператор

Меморија

6GB RAM (LPDDR4), 128GB + MicroSD слот (до 512GB)

8GB RAM (LPDDR4), 512GB + MicroSD слот (до 512GB)

* Може да се разликува од пазарот и мобилниот оператор

* Корисничката меморија е помала од вкупната меморија поради складирање на оперативниот систем и софтверот што ќе се користи за работа со

карактеристиките на уредот. Вистинската корисничка меморија ќе варира во зависност од операторот и може да се промени по надградбите на софтверот.

СИМ Картичка

Единечен: еден Нано СИМ (Nano SIM) и еден слот за MicroSD (до 512GB)

Хибриден: еден Нано СИМ (Nano SIM) и еден Нано СИМ или еден слот за MicroSD (до 512GB)

* Може да се разликува од пазарот и мобилниот оператор

Батерија

4,000mAh

Брзото полнење компатибилно за жични и безжични уреди

Кабел со полнење компатибилен со QC2.0 и AFC

Безжично полнење компатибилно со WPC и PMA

* Може да се разликува од пазарот и мобилниот оператор

Оперативен систем

Android 8.1 (Oreo)

Мрежа

Подобрен 4x4 MIMO, 5CA, LAA, LTE Cat.18

* Може да се разликува од пазарот и мобилниот оператор

Поврзување

Wi-Fi 802.11 a / b / g / n / ac (2.4 / 5GHz), VHT80 MU-MIMO, 1024QAM,

Bluetooth® v 5.0 (LE до 2Mbps), ANT +, USB тип-C, NFC, Локација (GPS, Galileo*, Glonass, BeiDou*)

*Покриеноста на Galileo и BeiDou може да биде ограничена.

Плаќање

NFC, MST

* Може да се разликува од пазарот и мобилниот оператор

Сензори

Акцелеметар, барометар, сензор за отпечаток од прст, жиро сензор, геомагнетски сензор, Сензор за сала, сензор за отчукувања на срце, сензор за близина, сензор за RGB светло, сензор за ирис, сензор за притисок

Автентикација

Тип на заклучување: Шема, Пин, Лозинка
Биометриски типови на заклучување: скенер на ирис, скенер за отпечатоци од прсти, препознавање на лице

Интелигентно скенирање: Комбинира скенирање на ирисот и препознавање на лицето за практично отклучување и во некои случаи обезбедува зголемена сигурност за одредени услуги за автентикација

Аудио

MP3, M4A, 3GA, AAC, OGG, OGA, WAV, WMA, AMR, AWB, FLAC, MID, MIDI, XMF, MXMF, IMY, RTTTL, RTX, OTA, DSF, DFF, APE

Видео

MP4, M4V, 3GP, 3G2, WMV, ASF, AVI, FLV, MKV, WEBM

Сите функционалности, карактеристики, спецификации и други информации за производот дадени во овој документ, вклучувајќи но не ограничувајќи се на придобивките, дизајнот, цените, компонентите, перформансите, достапноста и можностите на производот, се предмет на промена без претходна најава.


[1] Внатрешна меморија од 512GB како стандард. Моделите со 512GB се достапни во одредени земји. Можност за до 512GB дополнителна меморија за зачувување на податоци со надворешна SD картичка (која се продава одделно).

[2]Двојната решетка поддржува режим на F1.5 и F2.4. Двојната решетка е инсталирана на задната широка камера.

[3]HDMI адаптерите на Самсунг вклучуваат HDMI адаптер (EE-HG950), адаптер со повеќе приклучоци (EE-P5000) и “DeX“ кабел (EE-I1300)

[4]Врз основа на условите за тестирање за потопување до 1,5 метри во слатководна вода до 30 минути. Исплакнете ја нечистотијата / исушете доколку е влажно.

[5]Достапноста на услугите и можностите на Бигзби може да се разликуваат од земјата или од провајдерот. Гласовната команда го препознава англискиот (САД), мандаринскиот,  кинескиот и корејскиот јазик. Не ги препознава сите акценти, дијалекти и изрази. Гласовната команда работи со селектирана, растечка листа на Самсунг апликации и трети апликации. Погледнете во "Апликации со глас" во Бигзби за листа на компатибилни апликации.

[6]Достапноста на услугата Спотифај и можностите за услугите може да варираат во зависност од земјата или провајдерот. (За повеќе детали посетете ја веб страната www.spotify.com )

Можеби ќе ве интересира

Брако е единствената домашна компанија што произведува медицинска опрема, работи 15 години и вработува 600 луѓе

Брако е единствената домашна компанија што произведува медицинска опрема, работи 15 години и вработува 600 луѓе

Кавадарци стана дел од големиот проект Coca-Cola Активни зони

Кавадарци стана дел од големиот проект Coca-Cola Активни зони

Нормализирано водоснабдувањето на булевар АСНОМ

Нормализирано водоснабдувањето на булевар АСНОМ

Дефектот на улица Серска е саниран

Дефектот на улица Серска е саниран

Саниран дефектот на улица Христо Татарчев

Саниран дефектот на улица Христо Татарчев

ФОТОГАЛЕРИЈА: НОВАТА ŠKODA FABIA

ФОТОГАЛЕРИЈА: НОВАТА ŠKODA FABIA

Wizz Air никогаш немал летови од Македонија до Полска

Wizz Air никогаш немал летови од Македонија до Полска

ЗАДОЛЖИТЕЛНА МИНИ АПТЕКА ЗА ЛЕТНИОТ ПЕРИОД

ЗАДОЛЖИТЕЛНА МИНИ АПТЕКА ЗА ЛЕТНИОТ ПЕРИОД

Групација Триглав со раст на премија на сите пазари и во сите сегменти, потврдена оцена на годишната добивка

Групација Триглав со раст на премија на сите пазари и во сите сегменти, потврдена оцена на годишната добивка