26 Април, 2024
0.0305

Бимилк отвори уште една Balans+ Зона

Ново спортско-рекреативно катче за битолчани

Објавено во: Мои пари 14 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

По отворањето на првата Balans+ Зона во Општина Карпош во Скопје, Бимилк денес отвори уште едно спортско-рекреативно катче, овој пат во матичниот град на компанијата – Битола.

Како локација за новата Balans+ Зона е одбрано спортско-рекреативното катче Тумбе Кафе, кое е едно од најпознатите места за спорт и рекреација на битолчани. Всушност, благодарение на оваа донација на Бимилк, на Тумбе Кафе се поставени повеќе справи за рекреација и одржување баланс на телото под брендот на „Balans+“, а истовремено локацијата е и комплетно репарирана.

На отворањето присуствуваа претставници на Општина Битола, како и градоначалничката на општината г-ѓа Наташа Петровска, која потенцираше дека оваа донација е од исклучителна важност, не само поради тоа што сега битолчани ќе имаат ново катче за спорт, туку и поради тоа што благодарение на Бимилк целата локација на Тумбе Кафе е целосно обновена и добива сосема нов лик.

Од Бимилк, пак, истакнаа дека отворањето на Balans+ зоните е со цел подигнување на свеста за спортот и за здравиот начин на живеење, а во согласност со пораките на брендот „Balans+“:

„Среќни сме што Општина Битола ни дозволи да го обновиме ова место, кое за нас како битолчани е од исклучително значење за практикување здрав начин на живот. Всушност, долгорочна цел на компанијата е да допреме до што поголем број граѓани и да ги поттикнеме на спорт и рекреација, така што верувам дека граѓаните повторно ќе се вратат на Тумбе Кафе, со што како компанија уште еднаш ќе потврдиме дека еднакво се грижиме и за националниот, но и за локалниот развој и за здравјето на битолчани. Имено, преку порфолиото на ‘Balans+’ ги комуницираме придобивките од редовно консумирање здрава исхрана и постигнување внатрешен баланс во организмот, па верувам дека една ваква зона под брендот на ‘Balans+’ ќе ја пренесе пораката и за важноста од практикување спортски активностии постигнување баланс на телото“, рече Полексена Јанкуловска, маркетинг-менаџер во Бимилк.

„Навистина ни е драго што од Бимилк вистински ја препознаваат важноста за создавање здрави навики, истовремено согледувајќи ги и реалните потреби на нашите сограѓани, особено земајќи предвид дека на Тумбе Кафе како локација навистина ѝ беше потребно освежување. Со овој несебичен гест тие обезбедуваат нова спортско-рекреативна зона за градот Битола, но придонесуваати за квалитетот на живеење на целата наша заедница и не е прв пат компанијата да излезе во пресрет на нашиот град и битолчани“, изјави Наташа Петровска, градоначалник на Општина Битола.

А за тоа како изгледаше Тумбе Кафе пред Бимилк да започне со реконструкција на локацијата, можете да погледнете во видеото:https://www.youtube.com/watch?v=t9fyCStO-C8&feature=youtu.be

Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“