26 Април, 2024
0.0378

Новогодишно дружење на “Мотоцентар“ со Атлетите на Специјалната Олимпијада Македонија

Објавено во: Мои пари 15 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Во рамки на програмата за социјално – одговорни активности, Компанијата “Мотоцентар“ традиционално, во екот на новогодишните празници организира предновогодишно дружење со членовите на Специјалната Олимпијада Македонија.

Во тој празничен дух се одржа и овогодишната средба на која присуствуваа Атлетите од Специјалната Олимпијада Македонија и најдобриот македонски тркач со спортски автомобили -  Игор Стефановски – Иџе.

Ретроспектива на убавите моменти, споделување на спортските успеси и одбележување на долгогодишната поддршка и соработка беа дел од едночасовната забавна програма која вработените во “Мотоцентар“ ја подготвија за предновогодишната средба со Атлетите од Специјалната Олимпијада Македонија.

За нас, како Компанија, овие моменти претставуваат вистинско опуштање во секојдневното динамично темпо на живеење и навистина сме среќни што ги поддржуваме и соработуваме со Атлетите од Специјалната Олимпијада Македонија. Нивните успеси се и наши и ќе продолжиме да ги бодриме.“- изјави г –ѓа Моника Бошкоска, Маркетинг Директор на Компанијата.

Навистина ми е драго што имаме вакви пријатели и поддржувачи како “Мотоцентар“ и верувам дека заедно чекориме и ќе продолжиме да чекориме полесно кон врвот. Атлетите од Специјалната Олимпијада Македонија се вистинска инспирација за сите нас – со љубов и упорност успехот е загарантиран, а особено кога имаме поддршка од нашите пријатели.“-  додаде г-ѓа Ана Зафирова, Претставник на Специјалната Олимпијада Македонија.

Настанот го отвори детскиот хор “Гласот на децата“, а Атлетите се дружеа и разговараа за нивните успеси со бренд амбасадорот на “Мотоцентар“, Игор Стефановски – Иџе, како и со останатите присутни гости на настанот. За музичката програма се погрижи Александар Тарабунов кој заедно со Атлетите создаде одлична новогодишната атмосфера.

Како компанија со традиција, покрај примарната дејност - продажба и третман на пневматици, Мотоцентар дава придонес и за општеството во кое опстојува веќе 25 години. Токму затоа ваквите средби значат навистина многу за целото семејство “Мотоцентар“.

Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“