18 Мај, 2024
0.0316

Обама ќе го „скокне“ Конгресот за да го намали јазот меѓу богатите и сиромашните

Објавено во: Свет 29 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Зголемената социјална и економска нееднаквост меѓу населението во САД е нешто на што итно мора да се работи, рече американскиот претседател Барак Обама на заедничката седница на двата дома на Конгресот, во обраќање познато како говор за „состојбата на Унијата“. Притоа, Обама ја најави неговата намера да преземе извршна акција во американската економија, заобиколувајќи го Конгресот со потези за кои не се неопходни закони, а со цел да ги прошири економските можности за американската средна класа. „Денес, по четири години економски пораст, профитите на корпорациите и цените на акциите никогаш не биле повисоки и оние на врвот никогаш не биле подобри. Но, просечните плати едвај се поместија. Нееднаквоста се продлабочи. Мобилноста е во застој“, рече американскиот претседател. Но, оваа негова најава наиде на негодување кај републиканците во Конгресот, кои традиционално се однесуваат заштитнички кон правата на приватниот капитал. Сепак, според Обама, исклучително загрижува фактот што премногу голем број Американци работат за да преживеат, а не за да напредуваат. „Она што го нудам вечерва е пакет конкретни и практични предлози за забрзување на порастот, зајакнување на средната класа и градење нови скали на можности. Некои бараат акција од Конгресот и јас сакам да работам со вас. Но, Америка не стои и никогаш нема да стои. Затоа ќе ги преземам сите можни чекори за кои не потребна легислатива да ги проширам можностите за американските семејства“, најави американскиот претседател. Медиумите во САД веќе анализираат дали ваквата акција од претседателот може да ги даде посакуваните резултати и да влијае на намалување на економската нееднаквост. Според професорот на Универзитетот Принстон Џулијан Зелизер, пораката на Обама од обраќањето за состојбата на Унијата содржи подеднакво и закана и ветување - дека ќе ја употреби извршната моќ за да започне да се справува со економските предизвици со кои се соочува американската средна класа во изминатите години. „Тој сака да го оддалечи Вашинготн од неговата политичка опсесија со мерките за штедење - со намалување на трошоците и дефицитите, и да го насочи кон дебата за тоа како може власта, дури и преку претседателот ако треба, да преземе конкретни чекори за решавање на проблемот со нееднаквоста и за обновување на сигурноста на средната класа“, коментира Зелизер за Си-Ен-Ен. Дел од аналитичарите во САД се изненадени што во говорот Обама посветил премалку внимание на надворешната политика, а речиси целосно се фокусирал на економијата, па дури и нагласил дека „Америка сега е на прво место како најдобра земја за инвестиции во светот, со што ја надмина и Кина“.

Можеби ќе ве интересира

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население