07 Мај, 2024
0.0224

ОБДУКЦИЈАТА ПОКАЖАЛА: Смртта на постарата жена во Хрватска нема никаква врска со вакцинацијата од ковид

Објавено во: Балкан 06 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Вили Берош, хрватски министер за здравство, потврди дека 82-годишна жена починала во дом за стари лица во Чаковец, еден ден откако била вакцинирана.

Но, како што нагласува, нејзината смрт нема врска со вакцинацијата, и е предизвикана од срцева слабост.

„Таа беше вакцинирана на 27 декември, а госпоѓата почина следниот ден поради одредени форми на срцева слабост. Добивме извештај од обдукцијата. По вакцинацијата, таа беше во добра состојба, следното утро сè беше во ред, околу 17 часот нејзината состојба се влоши, ја повикаа брзата помош, но таа почина еден час подоцна“, рече Берош.

Кај оваа жена бил земен брис за ковид-19, и наодот бил негативн, а обдукцијата покажала дека пациентката починала од срцева слабост, предизвикана од сериозни промени во срцевите садови. 

„Таа страдаше од астма, имаше нарушувања во голтањето, имаше сонда, не можеше да оди сама“, нагласи хрватскиот министер за здравство, наведувајќи уште некои други дијагнози на починатата жена.

Според него, нејзината смрт нема никаква врска со вакцинацијата.

„Настанот ќе биде пријавен во ХАЛМЕД и ќе продолжи да се проценува, но Комисијата утврди дека смртта нема никаква врска со вакцинацијата“, рече Берош.

Можеби ќе ве интересира

АГОНИЈА НА СРПСКИ ТУРИСТИ НА ВРАЌАЊЕ ОД ГРЦИЈА Водичот им ги одзел пасошите, намерно оставил девојка на граница, па им се заканувал

АГОНИЈА НА СРПСКИ ТУРИСТИ НА ВРАЌАЊЕ ОД ГРЦИЈА Водичот им ги одзел пасошите, намерно оставил девојка на граница, па им се заканувал

„ПОТВРДА НА НАЈВИСОКИТЕ ОДНОСИ“ - еве ги трите главни причини зошто Си Џинпинг доаѓа во Белград

„ПОТВРДА НА НАЈВИСОКИТЕ ОДНОСИ“ - еве ги трите главни причини зошто Си Џинпинг доаѓа во Белград

ТИТОВИОТ ГИГАНТ ПОВТОРНО ПРОДАВА ИМОТ: Покрај зградата се продава и канцелариски мебел и сето тоа по багателна цена

ТИТОВИОТ ГИГАНТ ПОВТОРНО ПРОДАВА ИМОТ: Покрај зградата се продава и канцелариски мебел и сето тоа по багателна цена

„ДЕНЕСКА ПРЕСТАНУВАМ ДА ПИШУВАМ, БИДЕЈЌИ ЌЕ СЕ ПОСВЕТАМ НА ЛЕКУВАЊЕТО“ - Ведрана Рудан има рак, веста ја објави на својот блог

„ДЕНЕСКА ПРЕСТАНУВАМ ДА ПИШУВАМ, БИДЕЈЌИ ЌЕ СЕ ПОСВЕТАМ НА ЛЕКУВАЊЕТО“ - Ведрана Рудан има рак, веста ја објави на својот блог

„ДЕНЕСКА ТРЕБАШЕ ДА ЈА ДУВАМЕ СВЕЌАТА НА ТВОЈОТ ВТОР РОДЕНДЕН, НАШЕ НАЈМИЛО МАЛЕЧКО“ - таткото на Данка со потресна порака

„ДЕНЕСКА ТРЕБАШЕ ДА ЈА ДУВАМЕ СВЕЌАТА НА ТВОЈОТ ВТОР РОДЕНДЕН, НАШЕ НАЈМИЛО МАЛЕЧКО“ - таткото на Данка со потресна порака

ГИ ВИДЕЛА СНИМКИТЕ НА ЉУБОВНИЦАТА (18), ПА СО ДЕЦАТА СКОКНАЛА ВО РЕКАТА - се огласи таткото на Алма „Таа кажа само една работа“

ГИ ВИДЕЛА СНИМКИТЕ НА ЉУБОВНИЦАТА (18), ПА СО ДЕЦАТА СКОКНАЛА ВО РЕКАТА - се огласи таткото на Алма „Таа кажа само една работа“

„ДА НЕ ЗБОРУВА ДЕКА Е ТОЈ МРТОВ ЧОВЕК, БИДЕЈЌИ СИТЕ ТИЕ СЕ ПРИЛИЧНО ЖИВИ“ - адвокатот на семејствата огорчен од таткото на Коста

„ДА НЕ ЗБОРУВА ДЕКА Е ТОЈ МРТОВ ЧОВЕК, БИДЕЈЌИ СИТЕ ТИЕ СЕ ПРИЛИЧНО ЖИВИ“ - адвокатот на семејствата огорчен од таткото на Коста

ХРВАТСКА: Убиена е жена, уапсен е член на семејството

ХРВАТСКА: Убиена е жена, уапсен е член на семејството

ТРАГЕДИЈА ВО АЛБАНИЈА: Поради семејно насилство мајка со трите деца се фрлила вo река

ТРАГЕДИЈА ВО АЛБАНИЈА: Поради семејно насилство мајка со трите деца се фрлила вo река