09 Мај, 2024
0.0261

ОБЈАВЕН Е ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ГОЛЕМИТЕ КОМПАНИИ - сите што ќе инвестираат во постковид периодот, ќе добијат државна помош

Објавено во: Економија 12 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

На веб-страната на Министерството за економија е објавен Јавниот повик за финансиска поддршка за зајакнување на конкурентноста на деловните субјекти во пост Ковид-19 периодот. (http://www.economy.gov.mk/doc/2823)

На предлог на Министерството за економија, Владата ја донесе Уредбата со законска сила за финансисиска поддршка за зајакнување на конкурентноста на деловните субјекти во периодот после корона кризата, преку која се реализира мерката за поддршка на компаниите кои инвестирале во време на пандемијата, која е дел од третиот сет економски мерки на Владата.

Оваа мерка предвидува финансиска поддршка од 20 милиони евра за сите компании од преработувачката индустрија, трговијата и ИТ секторот, кои во текот на 2020 година ќе реализираат инвестиција.

Средтвата ќе се дадат кога ќе се достави инвестицискиот план. 

Аплицирањето е до 31 јули годинава. Сите кои ќе аплицираат треба да достават инвестицискиот план, биланс на успех и други документи, а за процедурата да биде поедноставна, нема да оди преку банкарска гаранција, туку ќе се достави само меница.

На пресконференција која ја одржа неодамна, министерот за економија Крешник Бектеши информираше дека овие 20 милиони евра се наменети за сите компании од приватниот сектор.

Помошта е наменета за фирмите што ќе почнат инвестициски проект, и тоа од март, но и во постковид периодот од јули до декември оваа година. 

Помош ќе добијат сите компании кои 2020 имаат инвестициски проект, или ќе изготват и ќе реализираат таков проект во 2020 или 2021 година. Ќе ги опфаќа сите коимпании кои работат во производство. Се овозможува и на ИТ компаниите да добијат поддршка, доколку нивните инвестиции опфаќаат нова инвестициона единица, или хардверско решение. 

„Поддршката е 25 отсто од вредноста на инвестицијата според инвестициски план, но не повеќе од 40 илјади евра, за компании кои во 2019 оствариле вкупен приход не повисок еден милион евра, до 100 илјади евра за компании со приход од еден до 10 милиони евра, до 140 илјади евра за фирми со приход од 10 до 50 милиони евра, и до 200 илјади евра и за сите компании со приход над 50 милиони евра“, рече Бектеши.

Компанијата што ќе добие поддршка има обврска до крајот на 2021 година да достави докази дека ја реализирала инвестицијата. 

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување