12 Мај, 2024
0.0317

Објавен предлогот од Владата до Еко Герила да дозволи рестартирање на Југохром

Објавено во: Економија 08 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Алсат М објави документ на кој може да се види минатогодишното барање од страна на Владата на РМ до Еко Герила еколошката организација доброволно да се согласи комбинатот Југохром да се рестартира и без поставени филтри и да работи додека не започне новата сезона на загадување на воздухот.

Според предлогот, комбинатот од Јегуновце требало да работи со минимален капацитет, колку да ги врати работниците на работа, а за возврат Еко Герила да даде „благослов“, но тоа не било доволно, затоа што организацијата се сомневала дека сопствениците воопшто ќе постават филтри на краток рок.

Според документот  кој говори за средба од пред една година на претставниците на Еко Герила со премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев, се гледа дека тие побарале од Еко Герила да потпише договор со кој Југохром ќе биде реактивиран, а во меѓувреме ќе се работи на филтрите, но под услов паралелно да почне да работи со двете помали печки.

„Целта е работниците да се вратат на своите работни места, па со тоа да земаат и плати, истовремено, би дозволиле „Југохром“ да почне да работи со 30 отсто од своите капацитети, што значи, вклучување на двете помали печки со јачина од 22 мегавати за да работат до зимската сезона“. Во меѓувреме, сопственикот на „Југохром “, ќе треба да депонира банкарска гаранција со која ќе се обврзе во рок од осум месеци да ја заврши постапката за поставување филтри“., се вели во предлогот.

Како што дознава Алсат М, претставниците на Еко Герила не се согласиле на средбата. Од Еко Герила побараа меѓународна контрола и по поставување на филтрите.

Ова барање по се изгледа го загрижи директорот на Југохром, Васко Скендеровски, кој за медиумите, вчера изјави дека со ова Еко Герила се става над институциите и законите на земјата. 

Можеби ќе ве интересира

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно