02 Мај, 2024
0.0391

ОБЈАВЕНА БОМБА за тоа како се организираат земјоделските протести, вмешала ли прсти опозицијата?

Објавено во: Македонија 27 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Земјоделските протести што вчера се организираа низ скопските улици, покрај вниманието што го предизвикаа со учесници кои не се земјоделци, а не се ниту нивните родители, како што самите тие изјавуваа, денеска предизвикуваат ново внимание од јавноста. 

Имено, сајтот Криминалите на ВМРО-ДПМНЕ, кој постојано објавува содржини контра најголемата опозициска партија, објави интересна, камко што ја нарече, Аудио бомба, во која се наведува како всушност, како што велт од сајтот, ВМРО-ДПМНЕ ги организира протестите на "незадоволните" земјоделци пред Влада.

Што може да се чуе од бомбата, од која може да се забележи дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги организира земјоделските протести. Еве што зборуваат соговорниците во бомбата:

„Протестите кои ги правиме со комшијата се генерално 99 проценти, ако не и 100 отсто од наши луѓе, така? Комитетите ги вадиме, тие се луѓето. Зборувавме со претседателот, вели да се пушти уште една тура, затоа сме тука денеска, да договориме, дали на едно, дали на три места, што ќе правиме, како ќе правиме. Гледај сега, ние ги правевме протестите попладне, и наредниот ден ќе оди од претходниот ден, и тешко малку се пробива веста. Ако протестот е денеска во 12, 13, 14, сите телевизии вечерта ќе пренесат, сите ќе знаат дека имало протест и ќе се рашири веста. Јас, Јане и Баце и една екипа бевме на сите три протести. Можам да кажам дека имаме во Неготина три реда што стопјат и еден ред што седи позади и за жива сила не сакаше да стане. Ниту да не удостои. Вака сега, јас како го замислувам, па вие кажете. Пример, за три четири дена од сега да се мобилизираме, бидејќи последниот протест (до среда ќе поминат 7 дена), на осмиот ден сме дале предупредувачки штрајк, тоа што велиш ти, овие се глуви. И на тој протест, што ќе трае еден ден, два часа, упатуваме порака дека нема да отстапиме од барањата што ги имаме, додека не не удостои министерот, Заев, комппанија, сакаме да седнеме да разговараме. Овој протест ќе биде денеска и пак ќе биде, и утре, и задутре, се додека нас не ни одговорат на барањата. Ние мораме да ја тераме приказната. Па наредната недела пак ќе се собереме на протест, цело време да ја држиме тензијата. Вака се прави тоа. Утре со соопштение во пишана форма, Здруженето ќе излезе и ќе каже - ние протестиравме и упативме барања, уште еднаш се обраќаме до надлежните во власта, во рок од три дена ако нас не не викнат да разговараме за проблемите, ние во четврток најавуваме штрајк“.

Ја пренесуваме и бомбата, пренесена на сајтот Криминалите на ВМРО-ДПМНЕ.

https://www.facebook.com/kriminalitenavmrodpmne/videos/2511664739118463/?t=64

Немаме прецизни информации кога е снимена бомбата, и дали се однесува на сегашниве, или на некои други земјоделски протести.

А вчера повеќе земјоделски здруженија протестираа  низ скопските улици, со повеќе барања, а пред се како револт за ненавремена исплата на земјоделските субвенции.

Можеби ќе ве интересира

АНГЕЛОВ:ЗНАЧИ МИНИСТЕРКЕ ПЕТРОВСКА, ВОЈНАТА ВО 2001 ЈА ПОЧНАА АХМЕТИ И УЧК: Ние, бранителите не дозволивме да биде отцепена ниту педа македонска земја

АНГЕЛОВ:ЗНАЧИ МИНИСТЕРКЕ ПЕТРОВСКА, ВОЈНАТА ВО 2001 ЈА ПОЧНАА АХМЕТИ И УЧК: Ние, бранителите не дозволивме да биде отцепена ниту педа македонска земја

ВЕЛИГДЕНСКА ГЕНЕРАЛКА: Се чистат храмовите

ВЕЛИГДЕНСКА ГЕНЕРАЛКА: Се чистат храмовите

Али Ахмети прогласен за почесен граѓанин на Тирана

Али Ахмети прогласен за почесен граѓанин на Тирана

ПОЧИНА ТАТКОТО НА ТОШЕ: Ќерката Дора ја објави тажната вест

ПОЧИНА ТАТКОТО НА ТОШЕ: Ќерката Дора ја објави тажната вест

ЈСП ЗА ПРАЗНИЦИТЕ ЌЕ ВОЗИ ПРАЗНИЧНО - исклучок се неколку линии, еве кога ќе работи жичницата на Водно

ЈСП ЗА ПРАЗНИЦИТЕ ЌЕ ВОЗИ ПРАЗНИЧНО - исклучок се неколку линии, еве кога ќе работи жичницата на Водно

Спасовски: Апсолутно сум против скандирањето „УЧК“ на скопскиот плоштад

Спасовски: Апсолутно сум против скандирањето „УЧК“ на скопскиот плоштад

„НЕКА НЕЗАОДНАТА СВЕТЛИНА ОД ПРАЗНИКОТ НА ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ - ВЕЛИГДЕН, НИ БИДЕ НЕРАСКИНЛИВА НИШКА ШТО ЌЕ НЕ ПОВРЗЕ СИТЕ МАКЕДОНЦИ“: Велигденска порака на г.г. Стефан

„НЕКА НЕЗАОДНАТА СВЕТЛИНА ОД ПРАЗНИКОТ НА ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ - ВЕЛИГДЕН, НИ БИДЕ НЕРАСКИНЛИВА НИШКА ШТО ЌЕ НЕ ПОВРЗЕ СИТЕ МАКЕДОНЦИ“: Велигденска порака на г.г. Стефан

СЕ ТРАГЕШЕ ПО ИЗГУБЕНО ЛИЦЕ НА ВОДНО: првомајската прошетка низ парк шумата за некого заврши проблематично

СЕ ТРАГЕШЕ ПО ИЗГУБЕНО ЛИЦЕ НА ВОДНО: првомајската прошетка низ парк шумата за некого заврши проблематично

„ГОГА НЕМА ХРАБРОСТ НИ РЕШИТЕЛНОСТ ДА ПОКРЕНЕ ПОСТАПКА НИ ПРОТИВ БУГАРСКИОТ НИ ПРОТИВ ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР“: Ванковска била загрижена заради Силјановска

„ГОГА НЕМА ХРАБРОСТ НИ РЕШИТЕЛНОСТ ДА ПОКРЕНЕ ПОСТАПКА НИ ПРОТИВ БУГАРСКИОТ НИ ПРОТИВ ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР“: Ванковска била загрижена заради Силјановска