Објавена електронска пошта од помошничката на Хилари Клинтон
Објавено во: Свет 30 Декември, 2017
Стејт департментoт објави електронска пошта од Хујма Абедин, помошничка на Хилари Клинтон, која истражители од ФБИ ја пронашле во лаптопот на нејзиниот сопруг, Ентони Вејнер.
Дел од пораките кои се пронајдени во компјутерот на поранешниот член на американскиот конгрес Вејнер, се категоризирани како доверливи. Сепак, не е познато дали ваквата ознака ја добиле во моментот кога биле испратени или кога Стејт департментот ги подготвувал за објавување.
Електронските пораки се објавени како одговор на тужбата поднесена од конзервативната група за надзор „Судска стража“.