08 Мај, 2024
0.0303

Објавувањето на платите не ги поколеба: Машиновозачите и денеска не работат

Објавено во: Економија 06 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

И денеска машиновозачите нема да работат, а железничкиот сообраќај е трет ден во прекин. Продолжува барањето за зголемување на надоместот за квалитет на работа од 30 на 40 проценти, што е всушност зголемување на платата за околу 10 проценти. Машинскиот персонал за МИА потврди декан денеска заминале само два товарни воза и оти се соочуваат со притисоци да продолжат со работа. 

Најново е тоа дека во текот на вчерашниот ден од раководството им било побарано секој машиновозач и помошник машиновозач да потпише поединечна изјава дали ќе ги извршува работните обврски. 

Раководството на МЖ Транспорт вчера објави дека прекинот е незаконски и дека претпријатието со тие долгови нема финансиски можности да го исполни нивното барање. 

„Незаконитиот прекин на работа, односно штрајк, не е организиран согласно ЗРО и Колективниот договор на ЖРСМ Транспорт АД-Скопје и истиот не е предизвикан поради социјален момент или други услови со извршување на работните задачи, туку од лична корист на машиновозачите кои имаат месечни парични примања во износ за октомври 2019 година во износ 44.955 денари, за ноември 2019 година во износ 44.070 денари и за декември 2019 година во износ 47.665 денари“, соопшти вчера управата на МЖ Транспорт.

Од таму додадоа дека вчера еден од машиновозачите којшто се обидел да ги заврши работните обврски добил закани по живот од непознато лице на телефон и дека случајот е пријавен во полиција.

– Вработениот, кој не го почитувал незаконскиот штрајк од страна на Машиновозачите предводени од Претседателот на Синдикалната организација НСМПМ – Машиновозачот Душко Чакаровски и започнал со работа во 19 часот, веднаш потоа преку телефонско јавување од непознат број, со погрдни зборови му е претено и заканувано со зборовите „тргнеш ли, ќе ти ги скинеме нозете“, додека настрана од него во темнината стоеле луѓе кои му дофрлале погрдни зборови, со што бил видно исплашен за своето здравје и живот, не можел да го издржи притисокот и не бил во состојба да ги изврши своите работни задачи – велат од МЖ Транспорт.



Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување