03 Мај, 2024
0.0288

Раст на депозитите - Стопанска банка ад Битола ги објави резултатите за првото тримесечие

Објавено во: Мои пари 13 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Раст на депозитите од 486 милиони денари на годишна основа, непроменети расходи за камати - Стопанска банка ад Битола ги објави финансиските резултатие за првото тримесечие годинава. Во услови на вонредна состојба во државата и во услови на глобална економска неизвесност наметната од пандемијата од вирусот COVID-19, банката била фокусирана на остварување на клучните стратешки, деловни и финансиски цели. Во образложението на финасискиот резултат стои дека банката настојувала да го приспособи своето работење на новонастанатата ситуација, залагајќи се, пред сè, за безбедностна клиентите при користењето на услугите на Банката, како и за безбедност на вработените на работните места.

Подолу образложението: 

Финансиски перформанси на Банката

Нето-приходите од камати за периодот 1.1.2020-31.3.2020 година изнесуваат 67,05 милиони денари. Во услови на намалена кредитна активност, на која во голема мера влијае настанатата ситуација со вирусот COVID-19, приходите од камати се пониски за 7,44 проценти споредено со првиот квартал од минатата година. Со цел да се неутрализира ваквиот ефект, фокусот беше ставен на контрола на расходите по камати, при што и покрај растот на депозитите од 486 милиони денари на годишна основа, расходите за камати успешно се управуваа, така што останаа речиси непроменети.

Нето-приходите од провизии и надоместоци се повисоки за 30,01 проценти споредено со претходната година. Притоа подинамичен раст имаа приходите од провизии и надоместоци, коишто се зголемија за 28,33 отсто споредено со остварените приходи од провизии и надоместоци во периодот 1.1.2020 - 31.3.2019 година, додека расходите пораснаа за 24,73 проценти.

Нето-приходите од курсни разлики се повисоки за 40,24 проценти на годишна основа, додека останатите приходи од дејноста пораснаа за 35,09 отсто, а тоа се должи на остварени капитални добивки од продажба на преземен имот.

Исправката на вредноста на финансиските средства, на нето-основа е помала споредено со претходната година за 25,82 проценти, а тоа се должи на активностите за наплатана дел од побарувањата, зголемено кредитирање на секторот домаќинства, кој традиционално носи пониско просечно ниво на ризик, како и процените за квалитетот на кредитното портфолио на правни лица како мерка на прудентно работење и претпазливост на Банката. Загубата поради отштетување на нефинансиските средства, на нето-основа не бележи значителни годишни промени.

Трошоците за вработените бележат намалување од 1,50 отсто споредено со претходната година, додека планот за анализираниот период кај оваа позиција е остварен со 93,52 отсто. Останатите расходи од дејноста се повисоки за 9,00 проценти, што е главно резултат на повисоки материјални и слични трошоци за набавка на заштитни маски, опрема, како и повисоки трошоци за хигиена и дезинфекција поради преземање на сите неопходни мерки за заштита на вработените и клиентите во согласност со насоките и препораките од надлежните органи за спречување на ширењето на вирусот COVID-19. Планот во оваа позиција е реализиран со 94,07 отсто.

Амортизацијата е зголемена за 10,97 отсто на годишна основа, додека реализацијата на планот изнесува 83,87 отсто.

Како резултат на остварувањата во приходните и расходните позиции, финансискиот резултатза периодот од 1.1.2020 до 31.3.2020 година е негативен и изнесува 16,91 милион денари. Ваквиот резултат е подобар за 34,32 проценти споредено со истиот период од минатата година, а тоа е особено значајно имајќи предвид дека работењето на Банката во првиот квартал од тековната година се одвива во услови на вонредна состојба, кога се применуваат мерки и активности што директно ги погодуваат субјектите во економијата.

Промени во сметководните политики и методи на вреднување

Во периодот 1.1.2020 - 31.3.2020 година нема промени во сметководствените политики и методи на вреднување.

Дивиденди

Предлог-одлуката за употреба и распоредување на остварената добивка по Годишната сметка за 2019 година на Стопанска банка а.д. Битола е ставена на дневен ред на седницата на Годишното собрание на акционери, кое ќе се одржи на 27.5.2020 година, според која не е предвидена исплата на дивиденда за 2019 година.

Вложување или продажба на материјални средства ( недвижности, постројки и опрема) или значителен отпис (поголем од 30% од вредноста на средството споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи)

Недвижностите и опремата бележат намалување од 4,35% споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи за 2019 година.

Промена во кредитните задолжувања (намалувања или зголемувања поголеми од 30% споредено со последните годишни ревидирани финасиски извештаи)

Обврските по кредити се намалени за 6,59 % споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи за 2019 година,а тоа се должи на поголема динамика на враќање средства по основа на кредитни линии отколку користењето средства по оваа основа.

Очекувања за претстојниот период

Во периодот што следува, сè поизвесно е дека глобалната економија ќе се соочи со пад предизвикан од здравствената криза од вирусот COVID-19. Пад на економската активност во втората половина од 2020 година, со сите последици што ги повлекува падот, се очекува и во домашната економија. Во согласност со проекциите на Светскабанка, кај бруто-домашниот производ се предвидува пад и навлегување во негативна зона од - 0,4 %.

Банката будно ќе ги следи сите макроекономски параметри и интерни индикатори и ќе го приспособува своето работење на деловната клима и динамиката на пазарот, притоа водејќи прудентна политика првенствено насочена кон одржување на ликвидноста и долгорочната стабилност. Интензивно ќе се работи на развој и понуда на производи приспособени на потребите на клиентите - правни и физички лица што ќе бидат најпогодени од очекуваната криза. Како една од најзначајните стратешки определби на Банката останува понатамошната дигитализација на дел од услугите и процесите, особено во услови на работење кога е неопходно сведување на минимум на физичкото присуство на клиентите во банките. Активно ќе се следи постоечкото портфолио на кредити со цел да се преземат на времени мерки при детектирани тешкотии во отплатата, а со цел одржување на квалитетот на кредитното портфолио. Во сила остануваат поставените стратешки и деловни цели од Деловната политика, развојни оти финансискиот план, ама доколку развојот на настаните наметне таква потреба, Банката ќе пристапи кон ревидирање на поставените плански големини.


Можеби ќе ве интересира

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија