Обвиненија против епископот, градоначалникот и верниците на Крф по велигденската литургија
Објавено во: Балкан 13 Април, 2020
Обвинителот на Крф, Дионисис Ламбридис, поднесе обвиненија против епископот Нектариј од Крф и јонските острови, градоначалникот Меропи Идрау, претседателот на општинскиот совет Димитрис Металинос и свештениците и верниците кои учествуваа во восресната велигденска литургија што се одржа во црквата „Агиос Спиридон“ во истоимениот островски грчки град во саботата и покрај ограничувањата наложени од владата и Светиот синод да се спречи ширењето на коронавирусот, пренесува Катимерини.
На три лица кои присуствувале на службата - двајца мажи и една жена - наводно им била дадена света причест, и покрај особено високиот ризик што го носи ритуалот што претставува висока можност за ширење на коронавирусот.
Ламбридис рече дека досието од случајот е испратено до локалната полиција и дека ќе биде извршено во контекст на таканаречениот закон за „афтофоро“ кој дозволува брза судска расправа доколку се работи за апсење направено во рок од 48 часа од наводно прекршочно дело.
Владата ги забрани сите црковни служби, како дел од нејзиниот одговор на пандемијата „Ковид-19“. Оваа недела во Грција е дозволено одењето в црква но без присуство на свештеници и верски обреди.