28 Април, 2024
0.0293

Обвинителството побара притвор за инспекторот на УЈП осомничен за поткуп

Објавено во: Македонија 05 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривични дела – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 и Примање поткуп од член 357 од Кривичниот законик.

„Осомничениот инспектор во Управата за јавни приходи – Тетово побарал поткуп од 300 евра од сопственик на правен субјект во кој извршил контрола и констатирал неправилности. Имено, иако оштетениот платил глоба за констатираните неправилности, осомничениот продолжил да му се јавува и да му праќа пораки во кои барал поткуп затоа што не извршил пломбирање на деловниот простор.

Оштетениот го пријавил настанот во полиција и на 4 февруари се согласил да се сретне со осомничениот во угостителски објект во Гостивар. Притоа, му предал 150 евра во претходно обележани банкноти.

Бидејќи постојат околности кои што укажуваат на опасност од бегство, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Гостивар достави Предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице“, соопшти Обвинителството.

Инаку, приведениот инспектор од Управата за јавни приходи, кој барал поткуп од 300 евра, е всушност поранешен управник на Регионалната дирекција на УЈП Тетово.

Ова денеска го потврди директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска, која му се заблагодари на бизнисменот што го пријавил случајот.

„Очигледно дека станува збор за изолиран случај кој не е честа појава во општеството. Во УЈП максимално сме посветени на чесно, транспарентно и законито работење на сите инспектори и даночни контролори. Сепак, секој инспектор си одговара за самиот себе колку ги почитува законите и колку не ја злоупотребува службената должност. Му благодарам на обврзникот што се охрабрил да го пријави ова дејство. Понатаму ќе видиме како ќе се одвива целиот процес за инспекторот кој е и поранешен управник на Регионалната дирекција Тетово“, рече Лукаревска. 

Можеби ќе ве интересира

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце

ЛУКАРЕВСКА: Вредностите секогаш не обединувале, и кога било најтешко и кога е најважно, да не го потцениме моментот, сега е најважно

ЛУКАРЕВСКА: Вредностите секогаш не обединувале, и кога било најтешко и кога е најважно, да не го потцениме моментот, сега е најважно

ЧУДНИ РАБОТИ СЕ СЛУЧУВААТ ВО ОХРИД - скопјанец однесен во болница повреден со остар предмет, но рекол дека се самоповредил!?

ЧУДНИ РАБОТИ СЕ СЛУЧУВААТ ВО ОХРИД - скопјанец однесен во болница повреден со остар предмет, но рекол дека се самоповредил!?

ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ: Бидејќи Еди Рама го прогласи Али Ахмети за „пионер на Отворен Балкан“, и Белград да го прогласи за почесен граѓанин

ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ: Бидејќи Еди Рама го прогласи Али Ахмети за „пионер на Отворен Балкан“, и Белград да го прогласи за почесен граѓанин

БОКИ 13 ВЕРЕН НА СВОЈОТ СТИЛ, СЕ ПОЈАВИ ВО СКАПА ОБЛЕКА И ПОСАКА УБАВ ДЕН - „отсекогаш сум ги сакал сончевите неделни утра“

БОКИ 13 ВЕРЕН НА СВОЈОТ СТИЛ, СЕ ПОЈАВИ ВО СКАПА ОБЛЕКА И ПОСАКА УБАВ ДЕН - „отсекогаш сум ги сакал сончевите неделни утра“

ОСУМ СВЕЌИ ЗА ОСУМТЕМИНА ЗАГИНАТИ БРАНИТЕЛИ ВО КРВАВАТА ЗАСЕДА КАЈ ВЕЈЦЕ - 23 години подоцна Достоинство се потсетува

ОСУМ СВЕЌИ ЗА ОСУМТЕМИНА ЗАГИНАТИ БРАНИТЕЛИ ВО КРВАВАТА ЗАСЕДА КАЈ ВЕЈЦЕ - 23 години подоцна Достоинство се потсетува

СЕ ОГЛАСИ ПРОФЕСОРКАТА НАЈЧЕВСКА - Алтернатива на СДСМ не е ВМРО-ДПМНЕ, не е ни ЗНАМ, не е ни Левица

СЕ ОГЛАСИ ПРОФЕСОРКАТА НАЈЧЕВСКА - Алтернатива на СДСМ не е ВМРО-ДПМНЕ, не е ни ЗНАМ, не е ни Левица

МАПАТА НА ТОПЛОТНИТЕ АНОМАЛИИ ПОРАЧУВА: ЛЕТОТО ЌЕ БИДЕ ПЕКОЛНО - подгответе се за екстремни појави

МАПАТА НА ТОПЛОТНИТЕ АНОМАЛИИ ПОРАЧУВА: ЛЕТОТО ЌЕ БИДЕ ПЕКОЛНО - подгответе се за екстремни појави