02 Мај, 2024
0.0279

Од град Скопје ги смируваат жителите на Кисела Вода-тврдат нема да се затвораат улици

Објавено во: Македонија 23 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Градот Скопје реагира на наводите на одредени жители на Килеса Вода, кои страхуваат дека ќе останат без пристап до нивните домови, во рамки на проектот за пробивање на булеварот Србија до улица Христо Татарчев, каде што ќе се изгради и кружна крстосница.

„Сакаме да ја информираме јавноста дека изградбата на овој проект се одвива согласно со сите законски прописи и се испочитувани сите законски одредби, од проектирањето до изведбата.

Дополнително, Градот Скопје целосно ја отфрла шпекулацијата дека со реализацијата на овој проект, на одредени лица ќе им биде оневозможен пристап до нивните домови и навистина не знаеме од каде произлегуваат овие шпекулации.

Повторуваме, со реализацијата на овој проект нема да се затвораат улици и никој од  граѓани нема да остане без пристап до неговиот дом“, соопштуваат од Град Скопје.

Оттаму упатуваат апели до жителите на оваа локација да не веруваат во разните невистинити информации коишто циркулираат во јавноста и за сите информации да се обратат до Градот Скопје и Општина Кисела Вода.

Велат Градот Скопје и натаму ќе биде во контакт со жителите, изведувачите и Општина Кисела Вода за надминување на сите проблеми и недоразбирања околу овој проект.

Со овој проект Градот Скопје врши проширување и реконструкција на булеварот „Србија“ од кружниот тек кај Цементара до улицата „Христо Татарчев“, а на крајот од овој булевар ќе се изгради нов кружен тек меѓу бул. „Србија", ул. „Христо Татарчев" и ул. „Христо Татарчев крак 2".

Булеварот „Србија“ ќе се реконструира и проширува на потег со вкупна должина од 868 метри, каде што ќе се оформат 4 сообраќајни летни со ширина од 3,5 метри, додека целокупната должина на новиот реконструиран и проширен коловоз со целосната реализација изнесува околу 1.400 метри. На крајот од новиот булевар ќе има и кружен тек, кој ќе се формира меѓу бул. „Србија“, ул. „Христо Татарчев“ и улицата „ Христо Татарчев крак 2", со дијаметар од 36 метри. 

Потсетуваме дека и вчера и утрово жители на скопската општина Кисела Вода излегоа на протести поради одлуката со изградбата на кружниот тек кој е во фаза на изградба да се затворат две улици.

Можеби ќе ве интересира

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?

„ЗАБРАНА ЗА ПРИСТАП ЗА РАБОТНИЦИ БЕЗ ДОГОВОР ЗА РАБОТА“: Младеновска за мерките кои ги изрече ДСЗИ за Токсикологија

„ЗАБРАНА ЗА ПРИСТАП ЗА РАБОТНИЦИ БЕЗ ДОГОВОР ЗА РАБОТА“: Младеновска за мерките кои ги изрече ДСЗИ за Токсикологија

АНГЕЛОВ: ЗНАЧИ МИНИСТЕРКЕ ПЕТРОВСКА, ВОЈНАТА ВО 2001 ЈА ПОЧНАА АХМЕТИ И УЧК: Ние, бранителите не дозволивме да биде отцепена ниту педа македонска земја

АНГЕЛОВ: ЗНАЧИ МИНИСТЕРКЕ ПЕТРОВСКА, ВОЈНАТА ВО 2001 ЈА ПОЧНАА АХМЕТИ И УЧК: Ние, бранителите не дозволивме да биде отцепена ниту педа македонска земја

ВЕЛИГДЕНСКА ГЕНЕРАЛКА: Се чистат храмовите

ВЕЛИГДЕНСКА ГЕНЕРАЛКА: Се чистат храмовите

Али Ахмети прогласен за почесен граѓанин на Тирана

Али Ахмети прогласен за почесен граѓанин на Тирана

ПОЧИНА ТАТКОТО НА ТОШЕ: Ќерката Дора ја објави тажната вест

ПОЧИНА ТАТКОТО НА ТОШЕ: Ќерката Дора ја објави тажната вест

ЈСП ЗА ПРАЗНИЦИТЕ ЌЕ ВОЗИ ПРАЗНИЧНО - исклучок се неколку линии, еве кога ќе работи жичницата на Водно

ЈСП ЗА ПРАЗНИЦИТЕ ЌЕ ВОЗИ ПРАЗНИЧНО - исклучок се неколку линии, еве кога ќе работи жичницата на Водно

Спасовски: Апсолутно сум против скандирањето „УЧК“ на скопскиот плоштад

Спасовски: Апсолутно сум против скандирањето „УЧК“ на скопскиот плоштад