30 Април, 2024
0.0267

Од идеа до реализација - 10 нови потенцијални социјални бизниси влегуваат во фазата на инкубација

Објавено во: Мои пари 09 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Желбата за помош, солидарностa, создавањето на подобро утре, придружени со визијата и храброста да се направи првиот чекор се главните карактеристики на финалистите на Наградата за социјално претприемништво- Social Impact Award 2017. Областите околу кои гравитираат идните социјални бизниси на оваа група на млади амбициозни луѓе  се: справување со вишоците на храна, остатокот на масло од домаќинствата, остатокот од текстил, старите неискористени електрични апарати, како и грижа за животните, лицата со попреченост, домашните ракотворци, менталното здравје на младите и луѓето воопшто, обновливите извори на енергија и социјално загрозените семејства.

Наградата, всушност е натпревар и целогодишна програма за поддршка на идеите меѓу студентите и младите кои имаат потенцијал да се развијат во социјални бизниси.

Токму затоа, во оваа фаза, десетте млади социјални претприемачи имаат можност да учествуваат на предакселераторски тренинг,поддржан од  Македонски Телеком како општествено одговорнаи иновативна  компанија.  Учесниците на тренингот, кој се оддржува во Телеком Иновативниот центар од 05 до 10 јуни 2017 година, се здобиваат со продлабочени знаења како и проценка на фазата на развој на нивните бизнис идеи.

Во петок, 09.06.2017 година со почеток во 17ч токму во Телеком Иновативниот центар финалистите ќе имаат можност да слушнат презентации на дел од учениците во Social Impact Award 2015 И 2016 година и да разменат искуства. Ве покануваме да дојдете како претставници на медиумите и да ги проследите приказните на овие млади амбициозни социјални претприемачи.

Следниот наш заеднички чекор е доделување на индивидуален ментор  на десетте избраните тимови, кои понатаму ќе се натпреваруваат за трите финансиски награди обезбедени од Шпаркасе Банка Македонија и едната нефинансиска награда од Конто Профит. Победниците ќе бидат прогласени на 2 октомври 2017 година во рамки на настанот Social Innovators Conference.

Иако наградите се стимул за младите луѓе, вредноста на оваа програма е многу поголема од тоа. Учествувајќи во Social Impact Award, младите добиваат едукација, пристап до останати интернационални програми, вмрежување со заедницата, како и можност за отпочнување на сопствена кариера и решавање на локални и глобални општествени предизвици.

Наградата за социјално претприемништво - Social Impact Award, којапотретпатсе организира во Македонија, е веќе присутна во 18 земји одсветот, а истата еподдржана од Фондацијата ЕРСТЕ и Импакт Хаб Виена.

Локално, Наградата за социјално претприемништво - Social Impact Award ја спроведува Асоцијацијата за едукација Младиинфо Интернационал, оддел Social Impact Lab, во партнерство со Шпаркасе банка Македонија, Пакомак, Конто Профит, Македонски Телеком и Фондот за иновации и технолошки развој, како институционален покровител.

Можеби ќе ве интересира

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

„Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата е проект создаден за организации како нас, многу деца, училишта ќе ја добијат нашата поддршка и опрема која ќе придонесе за подобро утре: Борче Стаменов за „Донирај компјутер“

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024